Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, очекува Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, очекува Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, очекува Мицкоски

Објавено July 2, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, а веќе наредната година да биде, како што рече „во онаа рамка од 3 отсто, подолу од 3 отсто, која што требаше одамна да ја постигнеме, пред неколку години“. Тој денеска посочи дека во делот на фискалното консолидирање за жал претходната влада ја има испуштено можност, кога сите економии го имаат направено тоа и сега ќе мора оваа Влада тоа да го направи.

-За жал со неразумните трошења на претходната Влада не успеавме тоа да го постигнеме. Она кое што исто така сакам да го кажам, а охрабрува, а кое што го слушнав денеска на состанокот со претставници од Светска банка е дека тие во позитива ја коригираат проекцијата за раст на македонската економија, од 2,8 на 3 отсто, што не е доволно, бидејќи ние мислиме дека според нашите проекции ќе биде 3,5 и погоре, 3,7 зошто да не и 4 отсто, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека сите индикатори говорат дека една бизнис околина, којашто се креирав без политички притисоци врз бизнисот, со владеење на правото, со жестока борба против криминалот и корупцијата, полека, но сигурно дава резултат.

-Се разбира на препораките на фискалниот Совет, ние сериозно им пристапуваме, ги разгледуваме, ги анализираме и секоја конструктивна забелешка е добредојдена, вели Мицкоски.

Што се однесува за зголемување на пензиите, премиерот Мицкоски одговори дека во ребалансот на буџетот е предвидено зголемување на пензиите, согласно Законот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанкуловски: Со ребалансот на Буџетот фокусот е на стабилноста, отчетноста и ефективноста во трошењето на јавните финансии
Следна Статија Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – Ветувала вработување на синот во МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во среда слетува првиот авион од Париз, Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините од вечерва со намалена цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени…

December 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Народната банка со сеопфатни пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата

„Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс“,…

May 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје

Инвестициски фондови од странство купуваат значителен број станови во новоградба кај нас, истакна гувернерот на НБРМ Трајко Славески во интервју…

February 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?