Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го
МАКЕДОНИЈА

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го

Објавено June 18, 2025 12:52
Сподели
Сподели

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се постигне напредок и во кои делови тоа може да се реализира.

Бјере денеска на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани на прашањето што конкретно би сторила Данска, како иден претседавач на Унијата, во однос на интегрирањето на Македонија во ЕУ, имајќи го предвид спорот со Бугарија, но и иницијативата од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за средба на македонски и бугарски високи претставници на маргините на Самитот во Хаг, која се уште не е извесна, не даде конкретен одговор, но посочи дека моментумот за проширување е тука и оти земјата треба да го зграпчи.

Моментумот за проширување апсолутно е тука и веќе сме негови сведоци, направен е прогрес и за Украина и за Молдавија, и сега со Албанија отвораме два нови кластера, еден сега, еден на есен, исто така имаме напредок и кај Црна Гора, кој не се случуваше долго време. Искрено да кажем дека моментумот е тука и ве молам да го зграпчите. И сега со нашето претстојно претседателство со ЕУ морам да ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме, ние сме тука конструктивно да работиме со вас, со Македонија за да можеме заднички да видиме каде можеме да постигнеме напредок, во кои делови можеме да го оствариме напредокот, истакна данската министерка, додавајќи дека е видливо дека земјава има остварено голем напредок на патот до ЕУ.

Таа во своето обраќање на заедничката прес-конференција истакна дека причината за нејзината посета е престојното претседавање со ЕУ, кое го презема Данска и оти со Муртезани разговарале за актуелните политички прашања.

Данската министерка истакна дека со оглед на актуелните геополитички случувања, руската агресија врз Украина, но и, како што посочи, новите ветришта, кои дуваат од САД, Европа треба да биде силен геополитички актер, а за да се одбрани себе си во овие новонастаните околности, клучен е процесот на проширување.

-Затоа што зборуваме за една поголема Европа, која во исто време ќе биде посилна Европа. Затоа ние се стремиме да го задржиме овој процес на проширување и знаеме дека Македонија е земја-кандидат речиси 20 години, така што сега е времето да го фатите овој чекор повторно. Свесни сме дека имаше еден замор од проширувањето, но тој се појави и во вашата и во нашата земја и затоа сакаме повторно да работиме на проширувањето, да работиме и со Украина и со Молдавија, но и со земјите од Западен Балкан. Сметам дека сето ова ќе донесе просперитет за овие земји, полза и за нив и за вашата земја, но и за Европа, истакна Бјере.

Таа посочи дека Европа ќе биде посилна доколку е заедно со земјава, но и со другите држави од регионот и додаде дека има еден нов напредок во процесот на проширување и затоа е тука во Скопје за да и даде поддршка на државата.

Секако тој напредок треба да биде заснован на спроведени реформи, на сите оние барања кои треба да ги испорачате и ние сме тука за да ви помогнеме и се надеваме дека во текот на нашето претседателство ќе можеме заеднички да работиме да го постигнеме ова затоа што сакаме да го поплочиме патот на Македонија до ЕУ, истакна Бјере.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“
Следна Статија Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е неосновано и опасен правосуден преседан, бараме ослободување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Борба со вандализмот: Работен состанок во Владата во врска со несовесното однесување кон јавните добра

По повод се поактуелниот проблем со несовесното третирање и однесувања кон јавните добра, пред сè поради вандализмот кон урбаната опрема,…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата

Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството нема да го гони судијата Ферати, оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите

Јавното обвинителство нема да го гони судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово, затоа што утврдиле дека тој навистина ги…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на Буџетот до компаниите е…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?