Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вакцината што не треба да се чува во фрижидер стигна до фазата испитување на човек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Вакцината што не треба да се чува во фрижидер стигна до фазата испитување на човек
ЗДРАВЈЕ

Вакцината што не треба да се чува во фрижидер стигна до фазата испитување на човек

Објавено April 30, 2025 10:21
Сподели
Сподели

Во Велика Британија е покренато првото клиничко испитување во светот на вакцина којашто не треба да се чува во фрижидер. Успешен и одобрен медицински производ би можел значително да го зголеми пристапот до вакцинација во светот воопшто.

Вакцината против тетанус и дифтерија (СПВX-02) на британската биотехнолошка компанија „Стејблфарма“ е целосно стабилна на собна температура, соопшти компанијата. Првичното испитување на вакцината врз луѓе се одвива во Националниот институт за истражување на здравјето и негата (НИХР) при Центарот за клинички истражувања и во Универзитетската болница на Саутемптон, јужна Англија. Оттаму известуваат дека нивната напредна технологија би можела да овозможи производство и на 60 други вакцини.

Денес, можеби една од најголемите пречки за вакцинирање на луѓето во некои делови од светот е „студениот синџир“ потребен за вакцините коишто се чуваат ладни од производството до точката на инјектирање.

– Со години, вакцините беа попречени од потребата да се чуваат во фрижидер – предизвикувајќи бесконечни количини отпад и отежнувајќи го нивното доставување до оддалечените заедници. Но, благодарение на визијата на оваа Влада и нашата инвестиција преку НИХР, сѐ тоа би можело да се промени. Ние го предводиме овој процес со охрабрување на првото светско испитување на вакцина без ладење. Ова би можело да биде вистински пресвртница и спасување животи на светско ниво, изјави британскиот министер за здравство и социјална грижа, Вес Стритинг.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека секоја година, до половина од вакцините – одат во отпад, главно поради недостаток на контрола на температурата и логистика потребна за непрекинат студен синџир. „Стејблфарма“, според наводите, покажа дека може да ги преобрази постојните одобрени вакцини во верзии што можат да се чуваат на собна температура подолго време.

Се очекува испитувањето да биде завршено ова лето, а резултатите да бидат објавени до крајот на годината. Во „Стејблфарма“ се надеваат дека новата вакцина ќе биде во употреба насекаде ширум светот до 2027 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск повеќе не доаѓа во Белата куќа, се очекува неговото заминување од Одделот за владина ефикасност
Следна Статија Муцунски: Остваривме бројни политички средби на маргините на Конгресот на ЕПП во Валенсија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Протеин повлечен од продажба во Хрватска, го има ли кај нас?!

Поради присувство на метални честичким, повлечен е прашокот Whey Protein со вкус на чоколадо во пакување од 30 грама и…

November 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Стручни лица од ИЈЗ викендов ги анализираат примероците од Гостивар

Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на…

July 18, 2026
ЗДРАВЈЕ

Андоновска: Не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани

Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што…

May 8, 2026
ЗДРАВЈЕ

Доктор открил неочекувана причина за мозочен удар

Мозочниот удар е акутна состојба која настанува како последица на прекинот на дотокот на крвта во мозокот, што доведува до…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?