Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Василевска: Гоце Делчев е дел од македонската визија и темелот на изградбата на визијата за современата македонска национална држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Василевска: Гоце Делчев е дел од македонската визија и темелот на изградбата на визијата за современата македонска национална држава
МАКЕДОНИЈА

Василевска: Гоце Делчев е дел од македонската визија и темелот на изградбата на визијата за современата македонска национална држава

Објавено May 4, 2026 19:51
Сподели
Сподели

Иванка Василевска, професор на правниот факултет при УКИМ и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од трибината која се одржа денес, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан Гоце Делчев, на темата „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“.

„Гоце Делчев е дел од македонската визија и еден од главните стожери и темелот на изградбата на визијата за современата македонска национална држава. Гоце Делчев, нашиот јунак, нашиот симбол, нашата национална гордост е еден класичен пример на еден револуционерен деец со особен карактер, бидејќи таквите особени луѓе се раѓаат повремено во историските циклуси. Таков не можете да станете. Тој е порив, тој е мисија и тоа е судбина“, истакна Василевска и додаде:

„И како таков учествува во се она што го стекнал како знаење, организирајќи ги револуционерните кругови, но и влијаејќи на најважната компонента, за еден народ да може да создаде национална држава. А тоа е образованието“.

Василевска порача дека Гоце Делчев го ценел секој човечки живот и се водел од чесност и одговорност, ставајќи ги луѓето пред политичките цели.

„Ние се повикуваме на него и го славиме поради неговата прогресивна дејност и поради пораката, која што не секојпат кореспондирала со актуелниот моментум, ниту пак со приликите. И ние сите добро знаеме дека дури и неговите согледувања и за отпорот на одредени воени кругови во Софија, кои по секоја цена сакаа по примерот на априлското востание да изнудат востание, кое без оглед на цивилните жртви, ќе предизвика повотрно еден стрес во светската јавност. Него секој човечки живот, на секој еден македонец и секој останат кој што се придржува на делото на чесноста одговорноста и визијата за автономна Македонија дека е бесценет и не треба да биде потрошен“, рече Василевска.

Василевска посочи дека жртвата и делото на Гоце Делчев се темел за создавањето на македонската држава, која и денес се соочува со предизвици и напади.

„Колку и да зборуваме на оваа тема, нема да биде достојно да му се оддолжиме за саможртвата и за се она што го постави преку своето делување со својата чиста мисла, за да дојдеме и да успееме барем на едно мало парче од македонската земја, да формираме национална држава, која не случајно е повторно и повторно историски под напад“, заклучи Василевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Joкиќ останува во Денвер, ќе се прави шампионски тим
Следна Статија Aли Ахмети највесел сват на свадбата на внукот на Рамуш Харадинај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, не штитете некој кој треба да е зад решетки!, вели сопругата на Андреј Ѓорѓиески

Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка

Препораки да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за кочанската трагедија: И јас сум гневен поради пропустите на системот, но има и глодари кои сакаа да ја злоупотребат несреќата

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за трагедијата во Кочани,…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно против корупцијата

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. -Ова тело претставува…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?