Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ НАШИ ДЕЦА, РЕКОЛ ГЛАВНИОТ ДОКТОР ВО СОЛУН Муцунски ја посведочи грижата што ја добиваат повредените во две солунски болници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ НАШИ ДЕЦА, РЕКОЛ ГЛАВНИОТ ДОКТОР ВО СОЛУН Муцунски ја посведочи грижата што ја добиваат повредените во две солунски болници
МАКЕДОНИЈА

ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ НАШИ ДЕЦА, РЕКОЛ ГЛАВНИОТ ДОКТОР ВО СОЛУН Муцунски ја посведочи грижата што ја добиваат повредените во две солунски болници

Објавено March 18, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Вашите деца се наши деца“ порачал главниот доктор од солунската болница во која се лекуваат повредени од Кочани изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој заедно со министерот за здравство Арбен Таравари се во посета на повредените во две солунски болници.

– Она што го видовме и посведочивме утрово е прекрасна медицинска помош. Ќе го цитирам она што ни го кажа главниот доктор кој се грижи за овие пациенти: „Вашите деца се наши деца“ – рече Муцунски.

По посетата на болницата Папаниколау, во изјава за грчките медиуми, шефот на дипломатијата истакна дека од она што биле информирани, „пациентите се во сериозна, но стабилна состојба“.

Министерот Муцунски додаде дека некои од родителите барале во нивно име да изрази благодарност до докторите и до медицинскиот персонал за грижата што ја добиваат нивните деца, а паралелно упати благодарност и до Грција и грчкиот народ во името на нашата земја и народот.

– Ова беше најтрагичниот момент во историјата на мојот народ, момент што засекогаш ќе остане во колективната меморија, но исто така она што ќе остане во нашата колективна меморија и не треба никогаш да го заборавиме е солидарноста што ја добивме.

Министрите Муцунски и Таравари во Солун ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу.

За трагичното утро, Муцунски рече дека еден од првите разговори што ги имал бил со неговиот грчки колега, Јоргос Герапетритис, додавајќи дека од Грција не само сочувство и зборови, постоеше и практична помош.

Првите пациенти кои ја напуштија нашата земја беа оние кои дојдоа тука во Солун. Градот кој е блиску до нас од многу причини и кој се надевам дека нема повторно да биде блиску до нас од овие причини – рече министерот.

Муцунски потсети дека освен во Солун и во Атина се хоспитализирани повредени лица, кои синоќа беа пренесени со авион на грчкото воено воздухопловство, а паралелно се осврна и на помошта и од други земји.

Двете девојки и момчето, кои се хоспитализирани, се на возраст од 19, 25 и од 26 години, се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност, според директорката на Одделот за изгореници на солунската болница, Софија Пападопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

По посетата на министрите Муцунски и Таравари на болницата, доктор Пападопулу во изјави за грчките медиуми објасни дека тројцата пациенти имаат од 15 до 25% изгореници на телото за што двајца од пациентите денеска по втор пат ќе бидат оперирани, а во следните денови и третото поведено лице, но истакна дека она што е посериозно е тоа што вдишале чад.

– Тројцата се во критична состојба. Не можеме да кажеме дека ја имаат избегнато опасноста бидејќи иако имаат изгореници, главно на лицето и на рацете, исто така вдишале и чад, очигледно долго време останале во просторот каде што се случила несреќата, па имаат изгореници при вдишување, односно оштетување на белите дробови и на дишните патишта, што е она што можеби ќе ги отежне состојбата и текот на нивното здравје, што најверојатно ќе биде долгорочно. Правиме сè што можеме, имаме капацитети, ја имаме поддршката од целиот персонал во болницата да можеме да го направиме најдоброто за овие млади пациенти – објасни директорката на Одделот за изгореници.

Тројцата пациенти се наоѓаат на интензивна нега, приклучени на апарати.

Во Солун беа пренесени уште двајца повредени, хоспитализирани во Воената болница 424.

Муцунски и Таравари од болницата „Папаниколау“, каде што се хоспитализирани три лица, заминаа за воената болница во Солун, каде се лекуваат други двајца повредени, сите со тешки изгореници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајкино око, кој ќе гушнам место тебе: Младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, меѓу жртвите во Кочани
Следна Статија Радев: Бугарија е подготвена да преземе уште повредени од пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нов протестен марш во Кочани: Ќе ги прикривавте ли соучесниците ако ова беа ваши деца?

Денеска во Кочани се одржа нов протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ како последица на пожар кој…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева и доктор Катерина Паниќ-Мирчовска в.д. директор на општа болница Кочани одржаа прес-конференција…

June 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски во посета на израелската компанија Elbit Systems, средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел

На покана на израелската компанија Elbit Systems, која е наш долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките системи и безбедносните капацитети…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?