Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За една деценија детската популација во Mакедонија се намалила за 18 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За една деценија детската популација во Mакедонија се намалила за 18 проценти
МАКЕДОНИЈА

За една деценија детската популација во Mакедонија се намалила за 18 проценти

Објавено May 6, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Според последната анализа на УНИЦЕФ за состојбата со децата и адолесцентите во земјата споредбено со европскиот просек ниски се и јавните инвестиции во клучни сектори за децата како образованието, здравсвтото и социјалните услуги.

На презентација на анализата пред пратениците во Собранието, Силвија Кјаручи од УНИЦЕФ истакна дека земјава има и висока стапка на детска сиромаштија, особено кај ромската популација каде 79% од децата живеат во домакинства изложени на ризик од сиромаштија.

Според спикерот Африм Гаши потребно е да се посвети особено внимание на ромската заедница во периодот кој следи. Тој најави формирање на интепарламентарна група за правата на Ромите во Македонија, нагласувајки дека е потребен сеопфатен пристап и од останатите засегнати институции.

Душан Томшиќ од комисијата за спречување и заштита од дискриминација пак ја истакна потребата од промени на дуповите во 17 општини каде живее ромската заедница.

Дополнително, анализата покажува и дека додека популацијата се намалува, бројот на наставници се зголемува. 80% од расходите во образованието се трошат за плати, наместо на подобрување на училишните услови. Дополнително 1 од 5 адолесценти во училиштата пријавиле дека претрпеле булинг.

Од УНИЦЕФ препорачуваат земјата да ги следи дадените препораки од Комитетот за права на децата од 2022 година, нагласувајки ја улогата на Собранието и Владата во нивната примена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
Следна Статија Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните

Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 – од утре прво електронско пријавување во јуни

Од утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц, кој доаѓа од Европските зелени,…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?