Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот

Објавено May 6, 2025 08:28
Сподели
Сподели

Православните христијани во земјава денеска го слават големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, маѓу народот познат како Ѓурѓовден. Денот на светиот великомаченик Георгиј секоја година се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Во народната традиција Ѓурѓовден се смета и за празник на обновувањето на природата, раззеленување на вегетацијата и враќање на животот по пасивниот зимски период.

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.

Според неговото житие од календарот на МПЦ-ОА, свети Георгиј Победоносец е роден во Кападокија од богати и благочестиви родители околу 270 година. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина.

Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди и го врзаа на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Но при сите овие маки Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта. Кога Св. Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осуди Свети Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат. Свети Георгиј е погубен на 6 мај (23 април) 303 година и секоја година на овој датум Светата црква го празнува споменот на својот великомаченик.

Освен празникот Ѓурѓовден што се слави на 6 мај (23 април) нашиот народ одбележува уште два празника поврзани со овој светител и тие спаѓаат во зимскиот период кога се празнува со домашни служби (слави). На 16/3 ноември, на денот кога е обновен храмот на св. Георгиј во Лида, се празнува празникот познат како Ѓурѓиц, а на 9 декември (26 ноември, с.с.) празникот познат како Св. Ѓорѓи – Посен.

Тропар

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомачениче Георгие, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак

Обработен од Бога, ти се покажа како најчесен градинар на верата, и снопови од добродетели собра за себе; откако посеа во солзи, жнееш со веселба; а за борбата што до крв ја водеше, за награда Го прими Христа, и со твоите молитви на сите им даваш прошка на гревовите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За една деценија детската популација во Mакедонија се намалила за 18 проценти
Следна Статија Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје добива „паметен зелен бран“ – изгласан буџет од 25 милиони денари

Советот на Град Скопје изгласа буџет од 25 милиони денари за воведување на „паметен зелен бран“ за синхронзиирање на сообраќајот…

January 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владата прогласи кризна состојба поради неможноста за набавка на мазут, ќе трае 7 дена

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?