Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вевчански карневал: Свети Васиља – кога Вевчани се претвора во сцена, а традицијата во слобода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Вевчански карневал: Свети Васиља – кога Вевчани се претвора во сцена, а традицијата во слобода
ЗАБАВА

Вевчански карневал: Свети Васиља – кога Вевчани се претвора во сцена, а традицијата во слобода

Објавено January 6, 2026 15:05
Сподели
Сподели

Во Вевчани, годината не почнува со календарот – туку со Свети Васиља. Со ритамот на тапаните, со писокот на зурлите, со смеата што е истовремено и шега и порака. Овде, меѓу планината и изворите, карневалот не е настан – тој е состојба на духот, наследство што се носи во крвта и се пренесува од поколение на поколение. Вевчанскиот карневал е еден од најстарите живи карневали на Балканот, со корени длабоко вткаени во паганските обреди за прочистување, плодност и заштита од злото, кои подоцна се споиле со христијанската традиција на празникот Свети Василиј Велики. Тоа е премин – од старата во новата година, од темнината кон светлината, од молкот кон гласното, слободното изразување.

Во Вевчани, празникот Свети Васиља има особено значење и претставува најважниот традиционален настан во годината. Тој не е само верски празник, туку спој на длабоки народни верувања, заедничка меморија и колективен идентитет. Преку Вевчанскиот карневал, кој се одржува на 13 и 14 јануари, Вевчани симболично го означува преминот од старата во новата година, како и потребата од прочистување, обновување и нов почеток. Карневалот има силна социјална и културна улога. Тој претставува простор каде што заедницата јавно ги изразува своите ставови, грижи и размислувања, но на начин кој е прифатлив, духовит и препознатлив. Во овој период, маските стануваат средство за слобода на изразување, а смеата – начин да се надмине секојдневниот притисок.

Значењето на Свети Васиља во Вевчани лежи токму во оваа можност еднаш годишно да се преиспита реалноста, да се исмеат негативните појави и симболично да се започне нов циклус со оптимизам и заедништво. По повод одржувањето на годинашното издание на „Вевчанскиот карневал 2026“, една од највпечатливите и најстарите културни манифестации во Македонија и регионот, ќе се опдржи ПРЕСС конференцијата која е закажана на 9-ти јануари 2026 година (петок) , со почеток во 11:00 часот во Ресторан „Пелистер“ – Скопје. На прес-конференцијата ќе бидат презентирани: • Деталната програма за деновите на карневалот (12 – 14 јануари 2026). •

Музичките изведувачи – познати естрадни уметници кои ќе ги забавуваат посетителите. • Информации за организацијата, безбедноста и очекуваниот број на гости. На новинарските прашања ќе одговараат претставници од Општина Вевчани и членови на организациониот одбор. Вевчанскиот карневал е повеќе од настан – тој е спој на пагански обичаи, современа сатира и уникатен македонски непокор. Затоа и медиумското присуство и известувањето на јавноста се од исклучително значење за промоција на ова заштитено нематеријално културно наследство. Фото и видео: Facebook/Vevcani Carnival Вевчански Карневал

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пијан маж и се заканувал на мајка си во демиркаписко
Следна Статија Европските лидери не го даваат Гренланд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најавен киборг акциски роголајк ReBlade: Смртоносната Спирала за PC

Издавачот Spiral Up Games и развивачот ChillyRoom најавија нова киберпанк акциска игра за компјутери преку Steam платформата.

January 28, 2026
ЗАБАВА

Џастин Бибер фотографиран во Њујорк, фановите загрижени за неговиот изглед

Џастин Бибер (30) е фотографиран во Њујорк како изгледа напнато и исцрпено, а фановите се почесто шпекулираат за можни брачни…

January 31, 2025
ЗАБАВА

Од сумата ќе ви се сврти: Ферари Ф1 болидот на Шумахер со кој победи во 2006 година е ставен на аукција

Се продава еден од последните автомобили што ги возел Шумахер. Еден од најуспешните автомобили на Ферари, а воедно и еден…

October 23, 2024
ЗАБАВА

Метроид Прајм 4: Видео пренос на лансирањето најавен

Следете ги водечките стримери во акција

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?