Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Венс: Мислевме дека ќе биде најлесно, но војната во Украина е најтешка за решавање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Венс: Мислевме дека ќе биде најлесно, но војната во Украина е најтешка за решавање
СВЕТ

Венс: Мислевме дека ќе биде најлесно, но војната во Украина е најтешка за решавање

Објавено April 8, 2026 18:05
Сподели
Сподели

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска изјави дека по постигнатото примирје со Иран, судирот во Украина е „најтешката војна која треба да се реши“ и упати критика кон европските лидери дека „не прават доволно“ за тоа прашање.

Венс, на предавањето пред студентите во Будимпешта, истакна дека примирјето со Иран е успех на „американската решителност“ и оти САД 14 месеци работат на постигнување на мировен договор помеѓу Москва и Киев и оти е постигнат „значителен успех“.

Навистина успеавме да ги натераме Украинците и Русите да ги презентираат своите позиции, кои со текот на времето стануваа поблиски. Очигледно, сè уште не сме стигнале до последната фаза од потребниот напредок, но сум доста оптимист во врска со тоа бидејќи војната во основа престана да има смисла – наведе Венс, при тоа ги повика двете страни да не „се расправаат за неколку квадратни километри територија“.

Тој потенцира дека е „разочаран од мнозинството политичари во Европа“ бидејќи не биле заинтересирани за решавање на конфликтот во Украина. Според него, САД добиле „голема помош од некои пријатели“, посочувајќи ги премиерите на Италија и на Унгарија, Џорџа Мелони и Виктор Орбан како примери.

Орбан беше најкорисен бидејќи ги охрабри САД вистински да ја разберат ситуацијата, да ја разберат и перспективата и на Украинците и на Русите, што им е потребно за да го завршат конфликтот – истакна Венс.

Венс е во дводневна посета на Будимпешта за да го поддржи Орбан само неколку дена пред парламентарните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пендаровски: ЕУ де факто ги смени критериумите за членство
Следна Статија Македонија ќе купува течен природен гас од Америка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Драма во центарот на Стокхолм- автобус удри во станица, има мртви и повредени

Најмалку две лица загинаа, а неколку други се повредени во сообраќајна несреќа во центарот на Стокхолм денес откако автобус се…

November 14, 2025
СВЕТ

Гласачка машина во Кентаки ОДБИВА да им дозволи на гласачите да го изберат името на Трамп, наместо тоа автоматски ја избира Камала Харис (ВИДЕО)

Гласачка машина во Кентаки ОДБИВА да им дозволи на гласачите да го изберат името на Трамп, наместо тоа автоматски ја…

November 1, 2024
СВЕТ

Во Европа повторно раст на цените на гасот

Цените на гасот во Европа денеска повторно се зголемија и го достигнаа највисокото ниво од јануари 2023 година. Растот на…

March 9, 2026
СВЕТ

Каде е Ормускиот теснец од кој зависи испораката на нафта за половина свет

Иранската војска минатиот месец натоварила подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што дополнително ги зголемило загриженостите во Вашингтон дека…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?