Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ќе купува течен природен гас од Америка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија ќе купува течен природен гас од Америка
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе купува течен природен гас од Америка

Објавено April 9, 2026 06:56
Сподели
Сподели

Владите на Македонија и на САД објавија заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според неа, договорот вклучува купување течен природен гас од САД, воспоставување на едношалтерски систем за извозот и инвестициите од САД, заедничката посветеност кон колективната безбедност на НАТО, зголемување на трошоците за одбрана од 5% од БДП до 2035 година, при што Македонија се обврзува да даде донација во рамките на Списокот на приоритетни потреби на Украина.

САД се обврзуваат да обезбедат техничка помош за зајакнување на дигиталната инфраструктура во сите министерства на Македонија, да дадат 3.523.000 американски долари помош за да се зајакнат капацитетите на органите на прогонот кај нас (МВР), како и управувањето со границите, што ќе ги „направи двете земји побезбедни, посилни и попросперитетни“. Програмата, пак, за глобален влез на САД(Global Entry) ќе овозможи забрзана проверка на однапред одобрени патници од Македонија со низок ризик по пристигнувањето во САД, така што нема ништо од најавите за укинување на визите или враќање на иселеничките визи.

Според соопштението на МНР, посебен акцент е ставен на енергетската диверзификација и зголемувањето на сигурноста на снабдувањето со природен гас, како и на унапредувањето на инвестициската клима и трговските односи .

-Двете земји ја потврдуваат заедничката посветеност за зајакнување на одбранбените капацитети и придонесот во рамки на НАТО, како и за поддршка на Украина. Воедно, се предвидуваат конкретни активности за унапредување на сајбер безбедноста, преку техничка помош, проценка на критичната инфраструктура и јакнење на институционалните капацитети – соопшти Министерството.

Во делот на безбедноста, во заедничката изјава се нагласува и интензивирање на соработката во справувањето со транснационалниот криминал, нелегалната миграција и зајакнувањето на граничната безбедност, со конкретна финансиска и техничка поддршка за институциите.

Дополнително, во рамки на дијалогот биле договорени иницијативи за заштита на културното наследство, како и за унапредување на мобилноста на граѓаните преку приклучување кон програмите за доверливи патници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Венс: Мислевме дека ќе биде најлесно, но војната во Украина е најтешка за решавање
Следна Статија Израел продолжува со нападите: Најсмртоносниот ден во Либан, 250 убиени, повеќе од 1000 ранети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Град Скопје најави присилна наплата на оние кои не платиле данок на имот и комунална такса

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Маја Сиванјанам е новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија

Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија ќе биде Маја Сиванјанам. Како што објави британската Амбасада на својата Фејсбук страница,…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите

Нема правна или политичка гаранција што може да и се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади…

March 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд соопшти дека е формиран предметот УЗ. 44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?