Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
Blog

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Објавено May 27, 2026 07:49
Сподели
Сподели

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи, со желби и молејќи се на Семоќниот Алах да ги

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод празникот Курбан Бајрам.

– Со желби Возвишениот Аллах да ги прими нашите жртви, курбани и молитви, наградувајќи нè со Неговата милост и безгранични благодати, денес, со срце и душа, го очекуваме големиот празник Курбан Бајрам, празник што го означува извршувањето на обврската Хаџ, обврската на принесување курбан, како и деновите во кои Светиот Куран беше објавен за да биде упатство за целото човештво и за сите времиња. Во деновите на овој празник, милиони верници, со непоколеблива вера и висока свест, ја извршуваат обврската Хаџ за да го исполнат петтиот столб на исламот, сведочејќи во пракса за силата на верата и нивната посветеност кон Возвишениот Господ со зборовите: „Ти се одѕиваме, Господару наш, Ти се одѕиваме!“ Навистина, денес во благословената Каба, во долината Арафат и на другите свети места, верниците сведочат дека нивната цел е љубовта кон Аллах, кон самите себе и кон човекот. Во благословената Каба тие ја примаат пораката дека човештвото потекнува од еден маж и една жена, што ја подига свеста за еднаквоста во сите сфери на животот, за побожноста, почитта, човечноста и развојот во служба на човекот – вели Фетаи во честитката.

На овој голем ден, како што посочува, верниците со задоволство ја извршуваат божествената обврска на принесување курбан, сведочејќи во пракса дека богатството е дар од Бога и дека тоа не е цел на животот, туку средство за постигнување на неговите цели: верата, грижата за себе, за човекот, за сиракот, за сиромавиот, за знаењето и за човечката благосостојба.

-Ова го потврдува големиот исламски принцип дека нема големи дела без големи жртви и дека доброто се постигнува со жртвување дури и на најмилото што човекот го поседува. Затоа, празникот Курбан Бајрам, преку курбанот, гради конструктивна, умерена и мудра личност, посветена на доброто, солидарна, мирољубива и во секој момент внимателна за општото добро – потенцира Фетаи.

Тој во честитката вели дека овој празник го прави верникот свесен да ги оттурне од себе омразата, љубомората, агресивноста, потценувањето, дискриминацијата и поделбите.

-Тој симболизира висока свест за Создателот, грижа за здравото семејство, блискост меѓу луѓето, мудрост во постапките, љубов кон блиските, родителите и семејството, зацврстување на меѓучовечките врски, избегнување конфликти меѓу државите и народите, како и ширење мир, толеранција и солидарност за издигнување на поединецот, семејството и општеството во целина. По повод овој голем празник, ја користам оваа прилика, во име на Исламска верска заедница на РСМ и во мое лично име, да ви ги упатам најискрените и најсрдечните честитки до сите верници, нашите семејства, како и до нашите сонародници каде и да живеат. Честит Курбан Бајрам! – истакнува Фетаи во честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина моторџија во сообраќајна несреќа на патот Штип–Делчево
Следна Статија Чаир мириса на шампон за Курбан Бајрам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Нови знаци дека MacBook Pro со M5 чипови се пред нас

Денешниот macOS 26.3 RC зголемува очекувањата дека ажурираните верзии на MacBook Pro со нови M5 чипови сеближат.

February 6, 2026
Blog

testblog

testblog

November 7, 2024
Blog

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Филип Морис Интернешнал (ФМИ) објави ислучителни финансиски резултати за 2024 година, демонстрирајќи ја успешната трансформација на компанијата кон бизнис заснован…

February 18, 2025
Blog

Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот

Австралиската влада објави дека воведува двегодишна забрана за купување недвижен имот од странски правни или физички лица во земјата, јави…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?