Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам
МАКЕДОНИЈА

Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам

Објавено March 30, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години.

Во текот на Рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

По повод празникот, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи со желби и „молејќи го Семоќниот Аллах да ги прифати постот, молитвите и ибадетите и да не награди како што само Тој знае“.

– Денес е празникот Фитер Бајрам, кој е ден на радост и гордост за верниците кои со посветеност и побожност ги исполнија обврските од месецот Рамазан, постот и другите ибадети. Денес се разделуваме од светиот месец Рамазан, и му благодариме на Семоќниот Алах што ни овозможи да го доживееме овој благословен месец во кој сведочевме дека постот е божествена обврска, чин на силно верување и свест за посветеност кон Бога, вели во честитката Фетаи.

Во текот на овој месец, како што се наведува во честитката, нашите срца беа исполнети со верба и знаење, го подигнавме моралот, почитта, солидарноста, хуманоста, толеранцијата и мирот.

-Овој месец не охрабри да работиме за мирна, светла и позитивна иднина. За верникот, празникот Фитер Бајрам е кулминација на овие заложби и ден на голема радост. Тоа е ден на победата на верата над неверието, победа на доброто над злото, победа на знаењето над незнаењето, победа на мирот над војната, победа на солидарноста над поделбите, победа на почитта над омразата и победа на човечноста над нечовечноста. Фитер Бајрам е посебен ден, ден кој ја истакнува нашата длабока благодарност за нашата посветеност на Семоќниот Алах. Затоа, нека овој празник биде можност да ги зајакнеме нашите врски со другите, да изразиме љубов и почит кон нашите семејства, да подадеме рака за помирување и да се грижиме за оние на кои им е потребна помош, се истакнува во честитката на Фетаи.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потресно сведоштво на херојот Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“
Следна Статија Mицкоски во честитката за Рамазан Бајрам: „Сите заедно мораме да го смениме системот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Возете внимателно, има магла по патиштата

Намалена видливост поради магла од 50 – 100 м. има во Охрид, Д.Капија, Петровец – Велес и Велес –Штип, соопшти…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Не знаете како ми е мене, многу од нив беа мои пријатели кои на раце ги вадев, вели осомничен од обезбедувањето на дискотеката во Кочани

Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво за сите што не можев да ги спасам, рече…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, во рамки на редовните активности, денеска оствари работна посета на…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Aлбански интелектуалци испратија отворено писмо до Уставниот суд

Над 250 албански интелектуалци, универзитетски професори ,денеска испратија отворено писмо до Уставниот суд, во кое бараат да не ја укинува…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?