Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најголем дел од настраданите во дискотеката во Кочани загинале како последица на стампедо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Најголем дел од настраданите во дискотеката во Кочани загинале како последица на стампедо
МАКЕДОНИЈА

Најголем дел од настраданите во дискотеката во Кочани загинале како последица на стампедо

Објавено March 16, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Директорката на општа болница со проширена надлежност Кочани, Кристина Серафимова, изјави дека повредените и починатите лица кои биле донесени кај нив биле на возраст од 16 до 24 години и се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани вклучително и од селата на кочанскиот регион. Наголем дел од настраданите загинале како последица на стампедо предизвикано од паниката по избувнувањето на пожарот во дискотеката.

-Пациентите беа на возраст од 16 години до 24 годишна возраст. Најмногу имаше со изгореници и со интоксикација на јаглероден моноксид. Тука се направи првата тријажа на пациентите кои беа препратени до Клиничка болница Штип првично. Тука многу ни помогнаа од соседните здравствени домови, како и од Клиничка болница Штип, која испрати свое возило, како и од брзата помош од Скопје. Пациентите беа пренесени во најкус можен период откако веќе беше тријажата направена во болницата. Оние пациенти што беа со помали изгоренци од прв степен беа задржани во кочанската болница, сите други се препратени првично во Клиничката болница во Штип, од каде што пациентите со изгореници од трет и од четврт степен беа препратени до скопските клиники, рече д-р Серафимова.

Таа посочи дека во раните утрински часови во 2:48 чсот бил примен првиот повик на бројот 194 на брза помош со назнака дека во дискотеката непосредно во индустрискиот дел на Кочани имало пожар. За 15 до 30 минути биле мобилизирани сите специјалисти во болницава, медицински сестри кои се јавиле на работа иако не биле на смена.

Д-р Серафимова подвлече дека, кај лицата кои биле донесени најмногу од повредите ги добиле како последица од стампедото кое настанало по избувнување на пожарот.

-За жал повеќето повреди биле добиени од стампедото, особено кај пациентите што се починати. Тие починале од стампедото како последица на паничниот напад кај присутните кои почнале да излегуваат од влезот на дискотеката, во која се наоѓае 1.500 лица, кажа д-р Серафимова.

Моментално во Болницата во Кочани се хоспитализирани 12 пациенти и сите се во стабилна состојба. Сите останати се испратени во Кличничка болница Штип и во болниците во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Срце планина – познатите се простуваат од Андреј од ДНК
Следна Статија Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

31,16 проценти од запишаните гласачи гласале до 15 часот

До 15 часот на локалните избори своето право на глас го искористиле 31,16 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година

На интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев денеска му беше доделана плакетата за „Европска личност на годината“ за…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра?!

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?