Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вечерта пред грабнувањето: Александар им пратил порака на ќерките следниот ден потопло да се облечат – Обвинителката праша дали сакал да ги спреми за на планина или училиште
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вечерта пред грабнувањето: Александар им пратил порака на ќерките следниот ден потопло да се облечат – Обвинителката праша дали сакал да ги спреми за на планина или училиште
ХРОНИКА

Вечерта пред грабнувањето: Александар им пратил порака на ќерките следниот ден потопло да се облечат – Обвинителката праша дали сакал да ги спреми за на планина или училиште

Објавено April 11, 2025 11:46
Сподели
Сподели

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска го испрашуваше Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, на денешното рочиште во судот.

Ѓорчевски повтори дека лично не ги познава обвинетите, ниту Љупчо Палевски, но дека знаел за кого се работи. Во соседството го знаеле како Упа, но тој го немал видено тогаш и не знаел како изгледа.

Обвинителката го праша од која дрога бил зависен во периодот од 1993 до 1995 година.

-Да, кажав, бев зависник. Неспорно тоа го знаеја сите мои колеги, пријатели. Супстанцата беше хероин. Ја користев назално, не со шприцеви. Не сум бил екстремен зависник, одговори таткото на Вања.

Александар рече дека Зорица имала вродена срцева мана и поради тоа уште од самиот почеток поголемиот дел од обврските кон децата свесно ги презел тој.

– За да ѝ олесниме на Зорица, во еден момент целосно дадов отказ, тогаш бев вработен во Кометал. Претпоставував дека тоа ќе биде за краток период, додека да се стабилизираме, но набрзо се роди Миња. Обврските се дуплираа и се пролонгираше периодот во кој бев невработен, околу 7 години, од 2010 до 2017 година, рече Ѓорчевски.

Тој рече дека децата оделе само прва смена во училиште и двете учеле во истото основно училиште. На прашање на обвинителката истакна дека го знаел нивниот распоред на часови, бидејќи сакал да има увид во тоа, во секој момент да знае каде се и на кој час.

Александар одговори потврдно на прашањето дека според многуте искази во судницата, на 24.11.2023 бил направен обидот за грабнување на Вања. По исклучок, на 27.11.2023 Вања требала да оди сама на првиот училишен час поради отсуство на наставник.

– Не знам што знаеле другите обвинети, јас знаев, одговори Ѓорчевски на прашањето на обвинителката дека од сите обвинети само тој знаел дека Вања ќе оди сама на училиште тој ден.

Вечерта пред грабнувањето, им испратил порака на ќерките потопло да се облечат, бидејќи следниот ден ќе било студено. Обвинителката го праша дали сакал да ги подготви децата за да планина или училиште.

-Не се сеќавам точно за минути за часови, личи на мене тоа што го кажавте, не знам до збор како сум им пренел, меѓутоа суштината била да се облечат топло, затоа што тој ден навистина за првпат беше најавуван како најстуден ден тоа зимо, познавајќи ги децата дека нема да ме фермаат ја препратив пораката и кај Зорица, за да ги наговори да се облечат топло за на училиште, а не во ски-комбилизони како што тука прејудицирате за на планина. Згора на се, како што претпоставував, и јас и Зорица, они беа во тинејџерски години, не ме послушале ниту мене ниту Зорица, и си се облекле фенси а не топло, одговори таткото на Вања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мехмедовиќ: Ниту една држава во светот не може да биде подготвена за таква трагедија како во Кочани
Следна Статија Кина ги зголеми царините за увоз од САД на 125%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро

Три лица се повредени во верижен судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското езеро во кој учествувале…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Искршени фотографи од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанскaтa дискотека

Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанското дискотеката, кои беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ во…

May 19, 2025
ХРОНИКА

Дали Боре Видески бил тепан за да признае за убиството на Вања и Панче?

Сведокот Зоран Петковски, поранешен полицаец и сведок на Љупчо Палевски на денешното сведочењер рече дека бил повикан во СВР Скопје…

February 26, 2025
ХРОНИКА

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, извршено на крајот од…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?