Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ: Мерки за претпазливост за четири лица во случајот Лотарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ: Мерки за претпазливост за четири лица во случајот Лотарија
ХРОНИКА

ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ: Мерки за претпазливост за четири лица во случајот Лотарија

Објавено December 17, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, одземени им се патните исправи и наложено е и редовно јавување на службено лице, а доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица.

– Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, дополнуваат од Кривичен.

Мерките произлегуваат по истрагата на Обвинителството против две лица за проневера и четири лица за злоупотреба на службена положба. Доказите покажуваат дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во Државна лотарија, нанеле штета од 501.319.119 денари на друштвото преку незаконски набавки на видеолотариски терминали.

Првоосомничениот предложил набавка на терминали, иако знаел дека е незаконска, а второосомничениот ја поддржал набавката како вицепремиер. Терминалите никогаш не биле употребени.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија. Опфатени се и поранешен генерален секретар и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почувствуван земјотрес во Скопје со јачина од 3,1 степен
Следна Статија Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за купување на нови велосипеди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поднесено е обвинение за Стојанче Јовановски за сурово насилство и наведување на самоубиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице (Стојанче Јовановски) на кое му се ставаат на…

March 13, 2026
ХРОНИКА

Лажна пријава за бомба во „Кромберт и Шуберт“ во ТИРЗ-Скопје

Утринава дојава за бомба во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона ги вознемири вработените. Сите го напуштија…

October 29, 2024
ХРОНИКА

Кривична за екс началник од Куманово

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Полицијата уапси возач, управувал со возилото со 2,14 промили алкохол во крвта, удрил во бензиска пумпа, па лажно се претставил дека е од АНБ

Кривопаланчанец ноќеска по полноќ направил сообраќајка, удрил во бензиска пумпа и лажел дека е вработен во Агенцијата за национална безбедност.…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?