Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
ХРОНИКА

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола

Објавено March 22, 2025 10:23
Сподели
Сподели

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола и нема опасност по населени места ниту по околните викендици, објавија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според изјавата на градоначалникот Костадин Костадинов, пренесена преку ЦУК, несовесни граѓани со палење на стрништа го предизвикале големиот пожар.

-Нашите пожарникари од Струмица со поддршка од пожарникари од Радовиш, Валандово и Гевгелија, за што сум им крајно благодарен, успееја за многу брзо време да го неутрализираат, односно да го локализираме без притоа да имаме изгорени куќи или не дај Боже човечки жртви. Јас само уште еднаш апелирам на свест и совест кај граѓаните дека со огнот нема играчка и дека треба да бидеме одговорни граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи, изјави Костадинов.

Додаде дека горат само уште на две точки кои природно ќе изгаснат, а и пожарникари ќе останат да дежураат во текот на ноќта.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот избувнал околу 14 часот денеска во месноста Софилар, во непосредна близина на градот.

-Ветрот си го направи своето и пожарот бргу се прошири. Извршивме мобилизација на целата против пожарна единица во Струмица и побаравме помош од пожарникарите од Радовиш, Валандово и Гевгелија и им благодариме за нивната помош. Остануваме на терен бидејќи има уште еден крак на горење. Имаме една екипа кај село Баница, која го штити селото. Пожарот е целосно локализиран и за кратко време ќе го ликвидираме, изјави Гудев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување
Следна Статија Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија попладнево во Скопје: Возач почина зад воланот

Возач од Скопје почина откако му се слошило додека управувал со своето возило во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Полицијата…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор

Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500…

October 13, 2025
ХРОНИКА

Млад скопјанец пронајден мртов во стан, телото дадено на обдукција

Дваесет и четиригодишен скопјанец бил пронајден мртов во стан во Скопје, откако негов пријател го затекнал во бессознание, информира Министерството…

March 19, 2026
ХРОНИКА

Уапсен е Раде Трајковски Штекли

Македонската полиција денеска (сабота 18 јануари) во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија го уапси наркобосот…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?