Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љубомора на стари години: Почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој уби 79 годишна жена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Љубомора на стари години: Почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој уби 79 годишна жена
ХРОНИКА

Љубомора на стари години: Почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој уби 79 годишна жена

Објавено March 2, 2026 16:16
Сподели
Сподели

Во Основниот суд Штип во среда, на 4 март со почеток во 9:30 часот, почнува судењето против 74-годишниот Д.А., обвинет за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип, потврди за МИА судијата кривичар и портпарол на ОС-Штип, Сашко Георгиев.

Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на обвинетиот. Според исказот кој го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила нејзината сестра.

Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Б.Н. се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Д.А., при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.

По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детално објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР објавено на 16 ноември 2025 година.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Google teases ‘amazing things’ in Android 17 – 9to5Google
Следна Статија Загинаа мајка и дете во скопски Карпош по пад од зграда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинение за маж од Бутел: Пијан, со чадор ја тепал сопругата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при…

June 27, 2025
ХРОНИКА

Македонец загина во Бугарија – автомобил удрил во гости во ресторан

Ноќеска околу 01:36 часот, на бројот 112 е примена дојава за трагичен инцидент на улицата Гранчарска во Разград, Бугарија. Полицијата…

July 6, 2025
ХРОНИКА

Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара

Млад човек завиен во албанско знаме, вчера на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, од фасадата на Конзулатот…

November 29, 2024
ХРОНИКА

Бебе починало на Клиниката за гинекологија и акушерство

Министерството за здравство изразува сочувство до родителите на починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство. Во врска со случајот,…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?