Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судијата Ристов негира вина, Обвинителствот тврди дека ќе докаже оти „соѕиданите“ 350.000 евра биле негови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судијата Ристов негира вина, Обвинителствот тврди дека ќе докаже оти „соѕиданите“ 350.000 евра биле негови
ХРОНИКА

Судијата Ристов негира вина, Обвинителствот тврди дека ќе докаже оти „соѕиданите“ 350.000 евра биле негови

Објавено May 29, 2026 10:07
Сподели
Сподели

Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид во домот на неговите родители во Неготино, денеска на почетокот на судскиот процес во Кривичниот суд се изјасни како невин за кривичните дела што му се ставаат на товар.

– Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација – изјави Ристов пред судот, пренесува МИА.

Обвинителката Искра Хаџи Василева, пак, тврди дека рече дека Ристов свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога. Обвинителството, како што беше кажано, ќе докажува дека Ристов како судија во Апелационен суд, дал лажни податоци за својата имотна состојба, а ќе се докажува и за прикривање на податоци за имотот на обвинетиот. Ќе се докажува дека Ристов го користел делот од куќата каде биле најдени парите, кои биле криени, според обвинението, зад кујнски елементи.

– Јас сум уверена дека овој суд ќе овозможи правилно судење во разумен рок во кој Обвинителството ќе ги презентира своите докази како и одбраната. А од доказите што ние ќе ги презентираме, уверени сме во капацитетот и квалитетот, дека надвор од секакво разумно сомневање, ќе ја докажеме вината ја обвинетиот, за дејствијата што му се ставаат на товар – рече обвинителката.

Обвинетиот, за кого беше кажано дека е женет, татко на две деца, рече дека разбрал што му се става на товар, но, не се чувствува виновен ниту за првото, ниту за второто. Ристов нагласи и дека за перење пари мора да има кривично дело од кое потекнуваат тие пари.

Од одбраната на Ристов, во судницата денеска беа присутни бранителите Ѕвонко Давидовиќ и Душко Јанковиќ. Давидовиќ, меѓу другото, рече дека одбраната во текот на оваа постапка ќе се судри со теоријата на Обвинителството наречена „ѕидовите зборуваат, а доказите молчат“. Тој наведе дека за среќа, чувствата во судница не зборуваат, туку зборува ладнокрвноста на доказите.

– Мојот клиент со децении професионално ја извршувал својата професија и пред да се појави во судницата, во јавноста веќе беше осуден – додаде бранителот во неговиот говор во судницата.

Ниту еден доказ, како што повлече тој, не ги поврзувал Ристов и неговата функција. Давидовиќ рече дека во текот на постапката, одбраната на судот ќе му докаже за легалното потекло на имотот на родителите на обвинетиот. Презентираните докази ќе покажеле дека неговите родители легално го спечалиле овој имот. Тој рече и дека неосновано е поврзувањето на парите со обвинетиот.

Адвокатот најави и дека прават две финансиски вештачења – едното за имотот на родителите на обвинетиот и другото за имотот на обвинетиот и неговото семејство. Побарано е и графолошко вештачење што, како што посочи, Обвинителството не го направило.

На 17 април, Јавното обвинителство на Репбулика Северна Македонија соопшти дека биле преземени повеќе дејствија и претреси, при кои на 18.01.2026 година во дом на родители на судија во Неготино, пронајдени биле вкупно 350.000 евра за чие потекло, тој немал доказ и не ги пријавил.

– Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите. Ова предизвика основано сомнение дека овој осомничен во периодот од 10.02.2020 година, како службено лице судија во Апелациониот суд Скопје, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена давал лажни податоци за својот имот и имотот на неговото семејство и не пријавил имот, кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи – објави ЈО.

Притоа Обвинителството информираше дека од поведувањето на постапката, јавниот обвинител презел повеќе дејствија, со кои обезбедил цврсти докази во однос на сопственоста на паричните средства.

Судскиот процес го води судијката Билјана Коцевска.

Следното рочиште е на 9 јуни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик: БиХ е пропадната земја, Република Српска се бори да се ослободи од колонијалниот јарем
Следна Статија Перински: Досега до мене не стигнало известување дека градоначалникот на Карпош си поднел оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Фатен на снимка: Лице подметнува пожар во Делчево, па бега

При преглед на надзорна камера, регистрирано лице кое подметнува пожар во делчевската населба Први Реон. Настанот се случил во вечерните…

July 13, 2025
ХРОНИКА

Приведена бегалка од затвор, вратена е во Идризово доиздржување на казната

На 20.06.2025 во 21.10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија.…

June 21, 2025
ХРОНИКА

Апелација им одреди ефективен притвор на ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Мигрант починал на една од скопските клиники

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера наутро од Клиниката за нефрологија бил донесен 41 годишен мигрант. „21.11.2025 во 07:50…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?