Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинение против десет лица осомничени за криумчарење луксузни автомобили
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинение против десет лица осомничени за криумчарење луксузни автомобили
ХРОНИКА

Обвинение против десет лица осомничени за криумчарење луксузни автомобили

Објавено January 3, 2025 09:40
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.

Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени.

Еден дел од возилата по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.

Во овие активности бил вклучен и 11-тиот осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде отстапен грчките органи.

Заедно со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите.

По едно лице се трага со веќе распишана меѓународна потерница поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.

За еден обвинет на сила се мерки на претпазливост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Листа на десетте најбогати луѓе во светот
Следна Статија Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Имав едно дете и тоа ми умре, што ќе ми е живот, во солзи вели татко на момче загинато во пожарот

Меѓу многуте ожалостените родители во Кочани е и татко кој го загуби синот единец и кој во солзи зборуваше за…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Кривичен суд донесе одлука: Напаѓачот на Арсовска веќе е во притвор во Шутка

Сулејман Љамалари – Командант Барути кој ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи кривичниот совет на…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара

Млад човек завиен во албанско знаме, вчера на прославата на Денот на албанското знаме во Куманово, од фасадата на Конзулатот…

November 29, 2024
ХРОНИКА

Откриена разработена шема за кражба на огревни дрва во кичевско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21)…

March 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?