Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот

Објавено January 3, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Специјализираната платформа за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“ ги објави податоците од најновите мерења, и според нив, Скопје утрово е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот.

Индексот на загаденост изнесува 166, и со тоа Скопје е во категоријата на високо загадени средини, опасни за здравјето на граѓаните.

На глобално ниво, најзагаден град е Делхи во Индија, а по него следуваат Лахор, Вухан, Карачи и други мегалополиси. Скопје е на 11-тото место, единствен европски град меѓу најзагадените во светот.

Минатиот месец се одржа протестен марш против загадувањето и беа побарани итни и ефикасни мерки. Проблемот не е само локален – според Светската банка, загадувањето на воздухот годишно предизвикува смрт на околу 2.800 жители во Македонија, од кои најголемиот дел се од Скопје и Тетово.

Владата објави Акциски план за краткорочни мерки кои вклучуваат засилени контроли, забрани и замена на загадувачките енергенти. Во тек е набавка на стотина електрични автобуси за јавниот превоз, што треба да го намали загадувањето од сообраќајот. Дополнително, планирани се когенеративни централи за производство на енергија, кои ќе ја намалат зависноста од дрва и нафта за затоплување.

Иако плановите се амбициозни, граѓаните бараат побрзи и поефикасни решенија, бидејќи загадувањето продолжува да го загрозува нивното здравје и секојдневие.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинение против десет лица осомничени за криумчарење луксузни автомобили
Следна Статија (Видео) Авион се урна во фабрика во Калифорнија и експлодираше, загинаа две лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски на Анталија Дипломатски Форум: Имаме потреба од јасен и опиплив пат напред кон полноправно членство во Европската Унија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати на панел-дискусијата „Регионална одговорност за просперитетна иднина на…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија-Смоквица

Од денеска се воспоставува нормален режим на сообраќајот по завршувањето на санацијата на тунелите Демир Капија 1 и 2 на…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уапсен Ратко Капушевски

Попладнево е уапсен бизнисменот и поранешен директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски“, објавија повеќе медиуми. Според неофицијални информации,…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Савески – Костадиновски: Владеењето на правото бара дела, не декларации

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска оствари работна средба со Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. На средбата беа…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?