Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
МАКЕДОНИЈА

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Објавено January 13, 2026 09:55
Сподели
Сподели

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Инаку, Црквата си има свое празнување и почеток на Новата година, но тоа се случува на 1 / 14 септември.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново зголемување на цените на горивата
Следна Статија МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов за прегазената жена во Капиштец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

21. „Бела ноќ“ во Скопје

Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси

Во рамките на надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на прашање на пратеничката Олга Лозановска…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Под мотото „Ангел си ти“ фановите во Крушево го одбележаа 44-от роденден на Тоше Проески

Под мотото „Ангел си ти“ фановите од Македонија, од Србија, Хрватска, од Бугарија во Спомен-куќата за Тоше, во Крушево го…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Затворен за сообраќај магистралниот пат кон граничен премин во земјава

Од 15:20 часот магистралниот пат А3 Делчево – граничен премин Делчево, кај с.Ѕвегор, е затворен, информира АМСМ. Затворањето е за…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?