Седум дена пред директниот дуел за шампионската титула во Скопје, вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер денес од 17 часот во Охрид ќе се судрат и во финалето на 32. Куп на Македонија во ракомет за мажи.
Вардарци се изборија за тоа со триумфот од 32:31 на пенали против Алкалоид, откако првиот полуфинален натпревар во основните 60 минути заврши нерешено 28:28, а пелистерци потоа славеа со 27:23 над домаќинот на завршниот турнир.
За „црвено-црните“, најуспешни во ова натпреварување со 16 трофеи, ова ќе биде 22. финале, а 17. за петкратните освојувачи на Купот од Битола.