Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вештачката интелигенција влезе во Кодексот на новинарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вештачката интелигенција влезе во Кодексот на новинарите
МАКЕДОНИЈА

Вештачката интелигенција влезе во Кодексот на новинарите

Објавено July 7, 2026 19:49
Сподели
Сподели

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција.

На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување на Кодексот започнал во 2024 година, по што бил привремено прекинат, а потоа продолжен во 2026 година со цел негово финализирање, како дел од поширокиот проект за зајакнување на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, во своето обраќање истакна дека овој документ всушност претставува „нов договор меѓу новинарите и јавноста“, со кој фелата се обврзува дека професионалното новинарство е подготвено да одговори на динамичното време во кое живееме.

Чадиковски истакна дека досегашниот Кодекс повеќе од 25 години бил темелот на новинарството, но, како што рече, светот во меѓувреме драстично се променил со напливот на дигитални платформи, алгоритми и вештачка интелигенција.

– Во таков свет логично беше да се прашаме дали старите етички принципи се доволни, а одговорот е сосема јасен. Тоа е дека основните вредности на новинарството и во 2000-тите и денеска не се менуваат и нема да се сменат. Вистината, проверката на фактите, независноста, јавниот интерес и одговорноста кон граѓаните пред сѐ остануваат темел на оваа професија – рече Чадиковски.

Новиот Кодекс, вели, за првпат се осврнува кон предизвиците на дигиталната ера, вклучително и употребата на вештачка интелигенција, транспарентноста, судирот на интереси, како и заштитата на достоинството и приватноста, посочувајќи дека на Кодексот се работело повеќе од две години во инклузивен процес со новинари, експерти и саморегулаторни тела, креирајќи автентичен македонски производе отпорен на притисоци.

Новиот Кодекс за првпат воведува правила и насоки за користење на вештачката интелигенција во редакциите, ги зајакнува стандардите за транспарентност, исправки и судир на интереси, и посветува поголемо внимание на достоинството на жртвите, заштитата на децата и приватноста.

Чадиковски нагласи дека новинарите не се против технологијата и дека вештачката интелигенција може да помогне во анализа на документи, превод и транскрипција, но дека таа никогаш нема да биде новинар.

– Најважната порака што ја праќаме или што сакаме да ја пратиме и со новиот кодекс е дека новинарите не се против технологијата. Напротив, вештачката интелигенција сфаќаме дека е и ќе биде сѐ поприсутна во редакциите. Таа може да помогне многу, да се анализираат документи, да се преведуваат текстови, да се транскрибираат интервјуа, меѓутоа никогаш вештачката интелигенција нема да биде новинар … Вештачката интелигенција не може да биде на местото на настанот, не може да стекне доверба со соговорник, не може да постави вистинско потпрашање и не може да ја преземе одговорноста пред јавноста. Затоа одговорноста секогаш ќе остане човечка, ќе остане наша новинарска. Во време кога секој може да создава содржина, професионалниот новинар повеќе нема да се препознава по тоа дали прв објавил нешто, туку по тоа дали објавеното е точно, проверено и во јавен интерес – порача претседателот на ЗНМ.

На промоцијата се обрати и претседателот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, кој упати честитки за инклузивниот процес на носење на документот, но сподели и научени лекции од практиката со Кодексот за граѓански организации.

Кржаловски укажа на ризикот актот да остане само на хартија доколку не се воспостават силни механизми за негова имплементација.

– Прашањето е како ќе се применува и како ќе се контролира понатаму и како ќе се укажува на пропустите, бидејќи она што заклучивме кај граѓанските организации иако веќе има над 150 организации потписнички на тој кодекс, само 25 отсто ги исполнуваат обврските од истиот тој кодекс – рече Кржаловски.

Додаде дека искуствата од примената на кодексот кај граѓанските организации укажуваат дека донесувањето е само прв чекор, а клучен предизвик останува доследното почитување.

– Со оваа лекција сакам да укажам што ве очекува во понатамошниот тек на примената на новиот Кодекс на новинарите. Се надевам дека МИМ, заедно со останатите чинители, ќе изработи ефикасни механизми за сето ова да се почитува, а новинарите нема да го видат ова само како лист хартија, туку навистина ќе го применуваат – истакна Кржаловски.

Новиот Кодекс се очекува да послужи како етички компас за сегашните и идните генерации медиумски професионалци во земјава, со цел да се направи јасна дистинкција меѓу професионалното новинарство и останатите креатори на содржини во дигиталниот простор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски во Катар лобира за авиолинија Скопје- Доха
Следна Статија Евркомесарката за проширување Марта Кос во посета на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа формирање Анкетна комисија што ќе ги разгледува трагедиите во Кочани, модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“

Со 84 гласа „за“, без воздржани и „против“, Собранието денеска во рамките на 72. пленарна седница донесе одлука да основа…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи, вели Мицкоски за случајот „27 април“

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милан Стефановски: Дипломатијата на Пендаровски со „љубави“ за надвор и „стока“ за дома е мртва

Во Америка, а осебно во светот поодамна не фигурираат ликови како Стево Пендаровски. Барем не претседатели на посериозни држави, смета…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го врачи признанието, кое во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?