Искусната руска тенисерка Анастасија Пављученкова се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон и покрај тоа што беше сериозно оштетена во клучните моменти од нејзиниот осминафинален натпревар против Сонај Картал.
Вчера на Вимблдон видовме вистински хаос бидејќи системот за вештачка интелигенција откажа. Тој беше воведен оваа година за да ги замени линиските судии, а по вчерашниот дуел, ќе има многу негативни коментари. При резултат 40:40 и водство на Пављученкова во првиот сет, нејзината противничка ја испрати топката во очигледен аут. Тука Пављученкова всушност го доби гемот. Сепак, вештачката интелигенција и линискиот систем во тој момент не објавија дека топката излегла надвор од теренот, па судијата одлучи да го повтори поенот.
At 4-4 Ad-40 Pavlyuchenkova had effectively won the game v Kartal….
BUT the electronic line calling system was not funtioning when the ball was CLEARLY OUT on video And the point was REPLAYED!
She lost the next point and we're on 4-4 40-40
…then Kartal BROKE!#Wimbledon pic.twitter.com/IaAKFqD0jn
— Tennis Stats (@TennisStatistic) July 6, 2025
Картал го доби и направи брејк, иако ефективно изгуби поен на теренот, а нејзината противничка требаше да води со 5:4, а не да изгуби.
„Електронскиот систем за повикување за жал не успеа да го следи последниот поен, па затоа ќе го повториме“, рече судијата Нико Хелворт. Хелворт имаше право да донесе своја одлука, но вели дека „немал храброст да го стори тоа иако верувал дека топката е аут“.
Пављученкова беше бесна во тој момент, додека домашната публика ја бодреше британската тенисерка од турско потекло. Сепак, Пављученкова на крајот успеа да направи пресврт и да се пласира во четвртфиналето на Вимблдон.
Организаторите на Вимблдон беа принудени да се обратат на оштетената тенисерка. „Им се извинуваме на играчите. Продолжуваме да имаме целосна доверба во точноста на технологијата за следење на топката. Во овој случај, имаше човечка грешка, а технологијата следи сè на најдобар можен начин. Како резултат на тоа, ги разгледавме нашите процеси и направивме соодветни промени“, рекоа организаторите, велејќи дека човечката грешка е причината зошто технологијата не работела во тој момент.
WIMBLEDON 2025
Wimbledon organisers apologise after line-calling system turned off in error
Briton Sonay Kartal loses to Russian Anastasia Pavlyuchenkova in clash marred by technological failure
THE GUARDIAN
Mon 7 Jul 2025 00.55 CEST pic.twitter.com/PI8ODj752f
— www.Jonny Clock1977.us (@JonnyClock1977) July 7, 2025