Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хамилтон седна во болидот на Ферари (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Хамилтон седна во болидот на Ферари (ВИДЕО)
СПОРТ

Хамилтон седна во болидот на Ферари (ВИДЕО)

Објавено January 22, 2025 11:33
Сподели
Сподели

Луис Хамилтон претпладнево прв пат седна во болидот на Ферари. Поради правилата на Формула 1, го возеше болидот од 2023 година. За тифозите, кои во огромен број пристигнаа во Фиорано, ова беше повеќе од обичен тренинг.

Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон на 1.јануари официјално стана член на Ферари. Пред два дена Британецот пристигна во базата на Ферари, се запозна со персоналот, фабриката на славниот тим, а имаше можност да вози во симулаторот.

Утрово во Фирано се случи вистински спектакла. Навивачите од 5 часот наутро го чекаат моментот кога Луис Хамилтон за прв пат ќе излезе на патеката со црвениот болид.

Патеката беше опколена од илјадници навивачи кои поставија шатори, закачија црвени знамиња и ја окупираа секоја слободна педа долж патеката.

„Ова е сон на секој навивач на Ферари“, рече еден од тифозите кои со семејството пристигнал од Модена носејќи огромно знаме со логото на Ферари.

Како што излегувањето на Хамилтон се приближуваше, атмосферата на патеката се повеќе се вжештуваше.

Навивачите го скандираа неговото име, а секое појавување на црвениот болид од боксот беше проследено со овации.

„Кога конечно го видовме на патеката, тоа беше момент што ќе го паметиме до крајот на на нашите животи“, изјавија за италијанска „Газета дело Спорт“, група навивачи од Велика Британија, кои пристигнаа специјално за настанот.

„Никогаш не сум видел такво лудило“, призна еден од работниците на патеката, додавајќи дека Фиорано одамна не доживеал вакво нешто.

Многумина ја следеа секоја реакција на социјалните мрежи на своите мобилни телефони, каде се споделуваа снимки во живо и фотографии од моментот кога Хамилтон излегува од боксот.

Lewis out on track in a Ferrari 🔥 pic.twitter.com/sIMRLLZBSE

— Lewis Hamilton our champion (@lhourchampion) January 22, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За разврска на македонското прашање не се доволни победите во Македонија, мора да се победува и во Вашингтон, Брисел… (ВИДЕО)
Следна Статија Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, воведуваме две нови дестинации на барање на дијаспората

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Сто приведени по масовна тепачка на навивачи на Динамо и Хајдук (ВИДЕО)

Утрово по 9 часот, на стадионот во Сплит избувна судир меѓу голем број навивачи. Очигледно, станува збор за тепачка меѓу…

May 3, 2025
СПОРТ

Одбојкарките загубија од Грузија

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија загуби во последниот меч од Сребрената лига на ЦЕВ, откако во Струмица, Грузија славеше против…

June 15, 2025
СПОРТ

Дали на Меси му беше простен црвен картон: Жестока дебата на Интернет

Лионел Меси чудесно го отвори Светското првенство на северноамериканска почва, станувајќи првиот играч во историјата што се појавил на шест…

June 17, 2026
СПОРТ

Барселона без Левандовски на двомечот со Интер и дуелите со Реал Мадрид

Барселона во клучните натпревари кои и им предстојат ќе биде без својот најдобар стрелец и лидер во тимот Роберт Левандовски.…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?