Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чеферин честиташе за изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Чеферин честиташе за изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
СПОРТ

Чеферин честиташе за изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ

Објавено December 23, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин упати писмо со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во писмото со честитки, првиот човек на Европската фудбалска Асоцијација, го истакнува фактот за направената одлична работа со изборот на Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ во годината кога се одбележуваат три децении од членството на ФФМ во УЕФА.

-Оваа година, 2024, се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, а за тоа време вашата посветена Национална федерација сработи многу во градењето и развојот на фудбалот. Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат, стои во честитката на Чеферин.

Изборот на Омерагиќ уследи по оставката која неговиот претходник на должноста Муамед Сејдини ја поднесе на средината од ноември, четири месеци пред да му истече вториот мандат на чело на македонскиот фудбал.

Омерагиќ е седмиот претседател на ФФМ, по Алексо Кипровски, Љубисав Иванов, Ламбе Арнаудов, Харалампие Хаџи – Ристески, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
Следна Статија ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(ВИДЕО) Спектакуларно испраќање на турската репрезентација на Светско

Огромен конвој на автомобили завиени во црвено белите знамиња ја испрати турската фудбалска репрезентација кон аеродромот пред прекуокеанскиот лет за…

June 3, 2026
СПОРТ

Македонија ќе се кандидира за организација на ЕП во ракомет во 2034 година

Македонија ќе биде организатор на Европско првенство во ракомет во машка конкуренција? Најавите од Словенија се позитивни. Претседателот на Ракометниот…

June 19, 2025
СПОРТ

Ристовски: Нема да се субвенционираат екипите од трета лига во било кој спорт

Нема да се даваат субвенции на екипите од Третата македонска фудбалска лига, а субвенции нема да добиваат и екипите од…

January 30, 2025
СПОРТ

Многу легенди ја видоа победата на Интер во Копа Италија

ж   Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?