Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи
ПОЛИТИКА

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи

Објавено December 23, 2024 20:02
Сподели
Сподели

По последните случувања во Република Албанија, убиството на 14-годишното момче и следствено на тоа, воведената рестрикција на Тик Ток, Либерално-демократската партија потсетува на предлогот за забрана на содржини кои поттикнуваат насилство на мрежата Тик Ток и регулирање на содржините на другите социјалните мрежи кои ги користат малолетници.

ЛДП уште еднаш потсетува на предлогот кој минатата година го достави до МОН непосредно по немилите настани во соседна Србија, со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржини кои поттикнуваат насилство.

Апелираме до сите вклучени страни за започнување на итна постапка за регулација и контрола на содржината на социјалните мрежи, со цел спречување и избегнување на идни вакви немили настани и несакани состојби, особено кога се работи за здравјето и добросостојбата на нашите деца. Не смееме да дозволиме уште деца да бидат жртви на злоупотребата на Тик Ток и останатите социјални мрежи, информираат од партијата.

Република Албанија е првата земја во регионот која го забранува Тик Ток, откако премиерот Еди Рама директно ги обвини социјалните мрежи за споделување и поттикнување на насилство меѓу децата во и надвор од училиштата, а кулминираше со смртта на 14-годишно момче во ноември. Франција, Германија, Белгија и други земји веќе имаат воведено рестриктивни мерки на сила за регулирање на употребата на социјалните мрежи од страна на малолетниците.

Кај нас, Тик Ток беше актуелен неодамна, откако повеќе деца беа повредени додека го изведуваа предизвикот „Супермен“, каде најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17 години. Децата стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава“, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи. Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници, соопштуваат од ЛДП.

Како општество имаме обврска да направиме сѐ што е во наша моќ за да ги заштитиме од штетните влијанија на социјалните мрежи и да им овозможиме среќно и безгрижно детство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чеферин честиташе за изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
Следна Статија „Аеродром пулсира vol.3“: Џевахир Мол Скопје со музички спектакл незаборавно ја испрати 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, уште на почетокот го покажа својот вистински лик – надмен, без допир со…

June 12, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешаната прес конференција оцени дека економската реалност во која живеат граѓаните е најсилниот демант…

July 11, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ најави кривична пријава за пратеничката од Вреди Имрлијe Салиу-Фетаи

Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека е поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „ВРЕДИ“ за како…

March 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче,  беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?