Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Груби и СДС го приватизираа судството кое носеше одлуки по нивна нарачка, дали и парите од митото заеднички ги делеле?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Груби и СДС го приватизираа судството кое носеше одлуки по нивна нарачка, дали и парите од митото заеднички ги делеле?
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и СДС го приватизираа судството кое носеше одлуки по нивна нарачка, дали и парите од митото заеднички ги делеле?

Објавено December 15, 2024 17:21
Сподели
Сподели

Артан Груби од ДУИ со неговите помагачи од СДС со години се мешаа во правосудните органи. За седум годиштното нивно заедничко владеење во криминалната коалиција вршеле притисоци во судството и одлуки се носеле по нивна нарачка и диктат, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Артан Груби, поддржан и помогнат од паретиците СДС, со години палел и гасел, бил алфа и омега во судството. Судиите и обвинителите се бираа во партиските штабови на СДС и ДУИ.

Тоа се гледа и по одлуките што ги носеле. Наместо по закон, судиите носеле одлуки под диктат и налог на Артан Груби.

Кога САД обелоденија, и за тоа го ставија и на црната листа, дека Артан Груби земал пари за да влијае врз судството и да обликува одлуки по негова мерка, прашуваме колку судски одлуки се донесени под негов диктат и колку предмети спречил да го видат светлото на денот?

Од друга страна се поставува уште едно прашање, колку се офајдил Артан Груби, односно колку мито зел за да влијае врз судски одлуки, колку пари спечалил на сметка на забошотување на правдата и со кого ги делел парите?

Од сето ова излегува дека не случајно довербата на граѓаните во судството е само 2%. Таа е ниска поради тоа што судиите не работеле по закон, туку под притисок и диктат на Артан Груби, кој беше вицепремиер во криминалната влада на СДС и ДУИ.

Груби и СДС го приватизираа и си направија судство коие ќе суди по нивна нарачка, а можеби и парите од митото кои ги земал за да влијае на судски одлуки заеднички ги делеле?

Стравот и паниката кај ДУИ и СДС е што сега веќе не можат да влијаат на судски одлуки и обвинија и затоа што им следи приод во кој ќе треба да одговараат за сите криминали што ги правеле“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИС згасна по 33 години: Струмица остана без телевизиски медиум
Следна Статија Хорор во Србија: Девојка избодена со нож пред ресторан, 25-годишник уапсен!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Лукровски назначил заменик, не поднел оставка туку бил на боледување

„Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и…

May 8, 2026
ПОЛИТИКА

Шилегов со барање до Филипче: Време е за лично заминување

Поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата, Петре Шилегов заедно со група членови…

January 21, 2026
ПОЛИТИКА

Јовановски: Kичево мудро избра – проекти и напредок во заедништво, пред поделби и неработливост

Новиот градоначалник на Кичево, Александар Јовановски објави благодарност за историскиот успех. -Почитуван народе, почитувани наши кичевчани, драги пријатели и познаници.…

November 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?