Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Веќе нема пари на рака: Брзите кредити ќе се добиваат преку сметка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Веќе нема пари на рака: Брзите кредити ќе се добиваат преку сметка
ЕКОНОМИЈА

Веќе нема пари на рака: Брзите кредити ќе се добиваат преку сметка

Објавено June 13, 2026 17:13
Сподели
Сподели

Финансиските друштва веќе нема да исплаќаат пари во готово, а ќе се воведат и задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик, надзорен одбор… Ова се предвидува со измени и со дополнувања на Законот за финансиски друштва, со кои значително ќе се заострат условите за работа на компаниите што одобруваат брзи кредити. Новите законски решенија, освен поголем надзор и повисоки стандарди за работење, предвидуваат и дополнителни механизми за заштита на граѓаните, откако контролите покажале низа слабости и неправилности во работењето на дел од финансиските друштва.

Дополнително, отворањето нови деловни простории ќе биде можно само со претходна согласност од Министерството за финансии и исполнување на прецизно утврдени критериуми. Измените предвидуваат и зголемување на основната главнина на финансиските друштва, како и целосно укинување на готовинските исплати на кредити. Во иднина, кредитните средства ќе можат да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка, со што ќе се овозможи поголем увид на финансиските трансакции и ќе се намали можноста за злоупотреби.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека законските измени се подготвуваат по спроведените контроли со кои биле утврдени слабости и непрецизности во постојната регулатива.

– По спроведените контроли, утврдивме одредени слабости и непрецизности во постојната регулатива, кои оставаат простор за различни толкувања и практики. Затоа пристапуваме кон заострување на критериумите и воведување поголем надзор, вклучително и задолжителни внатрешни одбори и ограничување на готовинските исплати. Целта е поголема заштита на граѓаните и стабилно функционирање на секторот, изјави министерката.

Според неа, досегашните контроли резултирале со констатирани неправилности, а во одредени случаи биле преземени и најстроги мерки, меѓу кои и одземање лиценци за работа. Дел од постапките биле иницирани и по претставки од граѓани.

Покрај заострувањето на условите за работа, финансиските друштва ќе мора да се откажат и од агресивните маркетиншки кампањи кои создаваат впечаток дека кредитите се едноставна и безризична финансиска услуга. Министерството веќе најави ограничувања за рекламни пораки како „пари веднаш“, „кеш за минута“ или „продавница за пари“, оценувајќи дека тие можат да ги доведат потрошувачите во заблуда и да поттикнат импулсивно задолжување.

Ова следува по надзорите во кои инспекторите откриле случаи на рекламирање кредити со нулта каматна стапка, додека во договорите со клиентите биле вклучени дополнителни трошоци и надоместоци кои не биле јасно истакнати во рекламите.

Со новите законски измени, Министерството за финансии очекува значително зајакнување на надзорот врз финансиските друштва, поголема транспарентност во нивното работење и повисоко ниво на заштита на граѓаните кои користат брзи кредити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Случаен минувач спасил возрасен маж кој се давел во Вардар
Следна Статија Албанската „Фламинго револуција“: Урнати оградите околу одморалиштето на Џаред Кушнер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Што треба да знаете за претстојната федерална забрана на пијалаци и снеци со THC

Во законот што го заврши престојот на владата беше вклучена одредба за забрана на алкохолни пијалаци и снеци направени од…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Воспоставена електронска размена на податоци за пензиско и инвалидско осигурување со Австрија

Фондот на пензиско и инвалидско осигурување потпиша Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност со институциите за…

June 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност и конкурентност на индустријата на странските пазари

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека Македонија денеска испишува нова историја на полето на зелената транзиција, со…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините, но повторно остануваме држава со најниски цени

Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините.…

July 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?