Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > „Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи
Blog

„Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи

Објавено February 20, 2025 22:17
Сподели
Сподели

Водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, Вива, по вторпат е дел од реномираниот меѓународен саем „Gulfood“ како учесник и спонзор. Оваа година, „Gulfood“ го слави своето 30-то јубилејно издание, кое се одржува во Дубаи од 17 до 21 февруари. Настанот, кој важи за еден од најпрестижните во светската прехранбена индустрија, претставува извонредна можност за Вива да ја презентира својата широка палета на квалитетни и природни производи пред светската публика и потенцијалните деловни партнери.

Вива, како единствена македонска компанија на „Gulfood“, се претставува со своето комплетно портфолио – сокови во различни категории, смути, доматни сосови и кечапи, направени од свежо овошје и зеленчук. Учеството на овој саем е потврда за посветеноста на Вива кон зголемување на извозот, освојување на нови пазари и промоција на македонските производи во светски рамки, како и за придонесот на компанијата во креирањето на глобалните трендови во прехранбената индустрија.

„Наша стратешка определба е континуирано да учествуваме на водечките светски саеми, каде што имаме можност да го претставиме нашиот врвен квалитет и да ја зацврстиме позицијата на меѓународните пазари. „Gulfood“ ни отвора нови перспективи за извоз и создавање партнерства со компании од целиот свет, а тоа е клучен чекор во нашиот план за раст и развој“, истакнуваат од менаџментот на компанијата.

Оваа година, на саемот се претставуваат над 5 500 изложувачи од 129 земји, што го прави еден од највлијателните настани во индустријата. Учеството на „Gulfood“ ја потврдува позицијата на Вива како бренд со 30-годишна традиција, синоним за квалитет, доверба и иновативност. Следејќи ја својата стратегија за постојан раст и проширување на пазарите, Вива оваа година ќе биде дел и од престижниот меѓународен саем „Ануга“ во Келн, Германија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски се обрати во Атлантскиот совет во Вашингтон: Посветени сме на заштитата на националните интереси
Следна Статија Се одложува воведувањето на правилата за влез во земјите на ЕУ кои требаше да важат и за македонските граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Адидас и Најк во битка за американскиот пазар, германската компанија сака поголем удел

Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ сака да добие поголем дел од американскиот пазар за сметка на актуелниот лидер на…

March 5, 2025
Blog

Како победата на Трамп влијае на берзите: На европскиот континент „слават“ додека Азија е во неволја

Европските акции пораснаа во средата откако Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори и републиканците презедоа контрола над најмалку еден…

November 6, 2024

What’s Coming in the M5 MacBook Air – MacRumors

Along with the low-cost MacBook, Apple could introduce a refreshed version of the MacBook Air next week. Most of the…

March 1, 2026
Blog

Во скопска населба уловен волк кој бил чуван како домашен миленик

Во скопска населба синоќа е уловен волк кој бил чуван како домашен миленик, со ремче и ланец, објави градоначалникот Орце…

May 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?