Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Објавено January 23, 2026 12:47
Сподели
Сподели

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на светскиот економски форум во Давос.

Мицкоски, како што објави на својот фејсбук профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани – стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, според него, освен што ќе овозможат производство на електрична енергија, ќе создадат и три значајни резервоари со чиста вода за пиење.

– На вчерашниот пладневен панел посветен на економија и инвестиции во Давос зборував за стратешките чекори што ги преземаме како држава во однос на вештачката интелигенција, енергетиката и долгорочниот развој на државата. Во однос на вештачката интелигенција, ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само тоа паралелно ги зајакнуваме и преносните линии за природен гас. Во тој контекст, градиме гасен интерконектор со Грција, а почнуваме и со изградба на гасен интерконектор што ќе ја поврзе државата со Србија. Ова се стратешки проекти од суштинско значење не само за нашата држава, туку и за целиот регион, наведува Мицкоски според кој, со поврзувањето, земјава ќе го зголеми капацитетот за гас до 8 милијарди метри кубни годишно.

Во врска со браните, напоменува дека потребата од обезбедување резерви на чиста вода за пиење ќе биде се поголема.

– Имајќи ги предвид климатските промени, регионот ќе има сè поголема потреба од вакви резерви, кои ќе обезбедат долгорочна водна безбедност и стабилно снабдување со чиста вода, се вели во објавата на Мицкоски на Фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Метс ги придобија Фреди Перелта и Тобијас Мајерс во голема размена
Следна Статија Мистериозни џинови можеби се сосема нов вид живот кој повеќе не постои

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се повикуваат на бојкот на продавниците во петок и преку летоци

Повик за бојкот на маркетите в петок се шири на социјалните мрежи. Се повикуваат граѓаните да се воздржат од купување,…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите освен Панчевски ги исполнуваат условите да бидат нов Јавен обвинител

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

Oд вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?