Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading:  ВИДЕО Алек Болдвин повторно ги изгуби нервите на улица: Се закани дека ќе му го „скрши вратот“ на комичарот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА >  ВИДЕО Алек Болдвин повторно ги изгуби нервите на улица: Се закани дека ќе му го „скрши вратот“ на комичарот
ЗАБАВА

 ВИДЕО Алек Болдвин повторно ги изгуби нервите на улица: Се закани дека ќе му го „скрши вратот“ на комичарот

Објавено February 25, 2025 10:56
Сподели
Сподели

Алек Болдвин прилично непријатно ги доживеа шегите на комичар кој го исмејувал пред неговиот дом, на тема – трагедијата на снимањето на филмот „’Рѓа“, каде што беше убиена филмската работничка Халина Хачинс, откако Болдвин несреќно испука куршум кон неа. Имено, во доста напната блиска средба потоа, американскиот глумец му се закани на комичарот – дека ќе му го скрши вратот.

Џејсон Скуп, како и Болдвин во своите скечеви во американската емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), го имитира Доналд Трамп, па во видео споделено на својот интернет-простор, на висок тон почна да се потсмева со холивудската ѕвезда, додека овој истоварува багаж од автомобилот пред својот дом во Њујорк.

– Алек, па ова е твојот омилен претседател!, му довикнува Скуп на Болдвин, алудирајќи на познатата пародија на Болдвин.

Сѐ тоа, се чини, наликува на политичка провокација кон Болдвин како неистомисленик на Трамп. Комичарот продолжи, во обид да го имитира Трамп држејќи голем прстен:

– Ете, Алек, ќе ти понудам целосно помилување затоа што сакам да бидеме пријатели, нели? Сакам да бидеме пријатели. Ќе ти дадам целосно помилување затоа што ја уби таа жена ако го бакнеш прстенов.

View this post on Instagram

A post shared by Jason Scoop (@jasonscoop)

Скуп го повтори случајот со смртта на снимателката.

– Па, Алек, ако не го сакаш тоа помилување зашто ладнокрвно ја уби таа жена – можеш да го наречеш (убитво од) прв степен – можеш да го наречеш како сакаш, но тоа не е добро, Алек. Таа сега нѐ гледа од горе, насмеана, среќна и ми вели: „Ти благодарам што се соочи со човекот што ме уби“, продолжи Скуп, имитирајќи го Трамп.

Болдвин, притоа, молчи за време на повеќето шеги на Скуп, но на крајот му одговори.

– Погледни ме. Сакам да ме погледнеш. Имаш камера кон мене овде? Дали сфаќаш дека моите деца живеат во оваа куќа!? Сакам да знаеш нешто. Слушај ме многу внимателно… Ако оваа камера не беше тука, ќе ти го скршев вратот. Го знаеш тоа, нели?, возврати Болдвин.

Потоа се разделија, а Скуп на крајот од точката, ја пофали својата „жртва“, па нагласи дека „за разлика од Роберт де Ниро кој избега“, Болдвин се соочи со комичарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Волво“ удри во семафор, па во пешак синоќа на „Гологанов“, возачот избегал
Следна Статија Цариниците запленија автобус специјално адаптиран за шверцување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот

Принцот од Велс ја опиша изминатата година како „најтешката година“ во неговиот живот. Зборувајќи со новинарите на крајот од неговата…

November 8, 2024
ЗАБАВА

Сите Марио игри на попуст за време на Црн Петок во 2025 година

Дознајте повеќе за сите Марио игри кои ќе бидат на попуст за време на Црн Петок 2025, вклучително и кои…

November 28, 2025
ЗАБАВА

Саша Поповиќ побара лек во маслото од манастирот Тумане

Креативниот директор на Гранд продукција Саша Поповиќ веќе извесно време се бори со здравствени проблеми, а се лечи со масло…

October 15, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче

Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник. Од установата објавија на нивната Фејсбук страна…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?