Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Битола во шок: Млада жена убиена по семеен конфликт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Битола во шок: Млада жена убиена по семеен конфликт
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Битола во шок: Млада жена убиена по семеен конфликт

Објавено May 14, 2026 13:57
Сподели
Сподели

Утрово, во битолската населба Баир, се случи тешко убиство кое ја потресе локалната јавност. Трагичниот настан, во кој животот го загуби 31-годишна жена, се случил по претходна расправија со нејзиниот сопруг. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, крвавиот инцидент се случил околу 06:40 часот на улицата „5-та“. Триесет и тригодишниот А.Р. со остар предмет (нож) ја нападнал својата сопруга, А.В. (31), со која во последно време не живееле заедно.

Лекар од екипата на Итната медицинска помош, која веднаш пристигнала на повикот, можел само да констатира смрт како последица на тешките повреди нанесени со нож.

Уште од раните утрински часови, во населбата Баир е забележливо засилено полициско присуство. Увидот го вршат екипи на СВР Битола во соработка со Јавен обвинител, со цел да се приберат сите материјални докази и да се расветлат мотивите за ова свирепо убиство.

„Лицето А.Р. е веднаш задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава,“ соопштуваат од полицијата.

Овој случај на фемицид повторно го отвора прашањето за семејното насилство и безбедноста на жените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 77 посто од фамилиите во ЕУ се без деца
Следна Статија (ФОТО) Фатени двајцата крадци на велосипед од Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанка нападната од сопругот

Денеска (11.02.2025) во 01:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село, пријавила дека на 10.02.2025 во семејниот дом…

February 11, 2025
ХРОНИКА

Возел со 2,60 промили алкохол во крвта, па излетал од пат

Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило „фиат стило“…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Приведени двајца менаџери на угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост

Двајца одговорни во угостителски објекти во општина Центар во Скопје се приведени синоќа бидејќи била пуштата музика во деновите на…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?