Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Богородица фатен Македонец со лаптопи од 13.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > На Богородица фатен Македонец со лаптопи од 13.000 евра
ХРОНИКА

На Богородица фатен Македонец со лаптопи од 13.000 евра

Објавено June 11, 2026 18:48
Сподели
Сподели

Ефикасна акција на царинските органи на граничниот премин Богородица спречи обид за нелегален увоз на скапа компјутерска опрема на влез во државата.

Како што пренесуваат медиумите, царинските службеници, по соодветно селектиран профил и основано сомнение, извршиле детален претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од македонски државјанин.

При контролата, на повеќе скриени места во автомобилот биле пронајдени десет нови преносни компјутери од марката „Dell“, со вкупна проценета вредност од речиси 13.000 евра. Истрагата на Одделението за истраги утврдила дека осомничениот претходно ги подигнал лаптопите од карго-компанија во Солун, а потоа ги сокрил во изнајменото возило на паркинг во Грција со намера да ги внесе во Македонија без да ги пријави и да ги плати соодветните давачки.

Против сторителот е поднесена кривична пријава за криумчарење до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија, а Царинската управа најави дополнително засилување на контролите на сите премини за спречување на сивата економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врие од мечки во Јапонија: Се затворија 100 училишта во еден град
Следна Статија Македонец меѓу данската научна елита: Петар Поповски избран за член на Кралската академија на науките

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ни стан, ни пари: Kумановка измамена за 50.000 евра

Шеесет и едногодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за над 3, 2 милиони денари за купување стан со…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50…

November 23, 2024
ХРОНИКА

Му се суди на судијата со парите во ѕид

Почнна судењето против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени…

May 28, 2026
ХРОНИКА

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?