Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонец меѓу данската научна елита: Петар Поповски избран за член на Кралската академија на науките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонец меѓу данската научна елита: Петар Поповски избран за член на Кралската академија на науките
МАКЕДОНИЈА

Македонец меѓу данската научна елита: Петар Поповски избран за член на Кралската академија на науките

Објавено June 11, 2026 18:54
Сподели
Сподели

Македонскиот научник и професор на Универзитетот во Олборг, Петар Поповски, е избран за член на престижната Кралска данска академија на науките и книжевноста – едно од најзначајните научни признанија во Данска.

Веста ја објави самиот Поповски на социјалните мрежи, истакнувајќи дека членството во Академијата претставува голема чест и одговорност.

„Привилегиран сум што станав член на Кралската данска академија на науките и книжевноста, чијшто некогашен претседател е еден од моите херои, Нилс Бор. Би сакал да им се заблагодарам на научниците кои ја поддржаа мојата номинација и со нетрпение очекувам да придонесам за активностите на Академијата преку призмата на теоријата на комуникацијата и технологијата“, напиша Поповски.

Кралската данска академија годинава прими 30 нови членови, кои ќе бидат дел од нејзините активности насочени кон унапредување на науката и истражувањата во корист на општеството. Од Академијата посочуваат дека новите членови ги следат стапките на истакнати научници како Нилс Бор и Ханс Кристијан Орстед.

Поповски е роден во Охрид во 1973 година. Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Скопје, а докторирал на Универзитетот во Олборг во областа на безжичните комуникации. Денес е еден од најреномираните светски експерти во областа на комуникациските технологии и безжичните мрежи.

Тој е визитинг-професор на Универзитетот во Бремен, главен уредник на престижното научно списание IEEE Journal of Selected Areas in Communications и претседател на IEEE Communication Theory Technical Committee. Активно е вклучен и во развојот на идните 6Г технологии преку научни и индустриски проекти во Скандинавија и Европа.

Во својата кариера има објавено повеќе од 300 научни трудови и е носител на над 30 патенти и патентни апликации, што го вбројува меѓу најуспешните македонски научници на меѓународната сцена.

Неговата сопруга, Искра Дуковска-Поповска, исто така гради успешна академска кариера во Данска како вонреден професор на Универзитетот во Олборг, каде што работи во областа на одржливиот развој, циркуларната економија и управувањето со синџирите на снабдување.

Изборот на Поповски во Кралската данска академија претставува уште едно значајно меѓународно признание за македонската наука и доказ дека домашните научници успешно се натпреваруваат и придонесуваат во светските истражувачки центри.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Богородица фатен Македонец со лаптопи од 13.000 евра
Следна Статија Судбоносните денови доаѓаат: Овие четири знаци чекаат луксуз и среќа за кои никогаш не сонувале

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека уставни измени нема да има без добиени гаранции од Брисел, односно, како…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Нашите деца нема да учат со насилник“: Целосен бојкот на наставата во ООУ „11 Октомври“

Нема место за насилник таму каде што учат нашите деца!“. „Нашите деца нема да учат со насилник“! „Со безбедноста на…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утре сончево, од петок нов пад на температурите

Времето утре ончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Косово ли е, Шапка ли е? (ВИДЕО)

17-годишнината од прогласувањето независност на Косово се славеше и на скијачките терени на Попова Шапка со големо знаме на соседната…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?