Во Фејсбук групата „Ново Лисиче“ утрово беше споделено видео од состојбата со аерозагадувањето во Скопје, видлива со голо око.
– Вака утрово изгледа Ново Лисиче пред ООУ Лазо Ангеловски. Во вакви услови на токсичен воздух денес учениците од населбата одеа во училиште, во вакви услови малите дечиња беа носени во градинка, се вели покрај објавеното видео.
Оттаму повикуваат на протест вечерва во 18 часот пред Мост Близнаци!
– Токму заради нив не смееме да отстапиме, ова не повикува на одговорност спрема нив. Има ли причина плус да останеш ладнокрвен на ова лудило? Мораме сите да се избориме за почист воздух и похумани услови за живот! – се наведува во фејсбук групата.