Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Во Холивуд се подготвува римејк на „Телохранител“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Во Холивуд се подготвува римејк на „Телохранител“
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Во Холивуд се подготвува римејк на „Телохранител“

Објавено April 13, 2025 20:47
Сподели
Сподели

Холивуд продолжува со преработка на класици, а следен е The Bodyguard, филмот од 1992 година кој се здоби со култен статус благодарение на Кевин Костнер и Витни Хјустон.

Ворнер Брос потврди дека се работи за римејк, а проектот ќе го води режисерот Сем Вренч, познат по документарниот филм за Тејлор Свифт: Турнејата на ерата, со сценарио на Џонатан Абрамс.

Првите најави од Холивуд за освежување на овој блокбастер се појавија уште во 2021 година, кога драматургот Метју Лопез работеше на сценариото, но плановите потоа се заглавија. Сега шефовите на студиото Мајкл Де Лука и Памела Абди се решени да ја вратат приказната за музичката ѕвезда и нејзиниот телохранител на големото платно.

Оригиналниот „Телохранител“ беше светски хит, вториот филм со најголема заработка од 1992 година, зад „Аладин“ на Дизни. И покрај седумте номинации за Златна малина, вклучувајќи ги и оние за најлош филм и актери, филмот ја освои публиката, а неговиот саундтрак стана најпродаваниот филмски албум на сите времиња. Тој е особено запаметен по Витни Хјустон и нејзината незаборавна изведба на I Will Always Love You, што дополнително го зацврсти нејзиниот статус на музичка икона и го продлабочи пријателството со Костнер, кој го одржа говорот на нејзиниот погреб во 2012 година.

Се уште нема информации за актерската екипа, но многумина се прашуваат дали новата актерка, која ќе ја преземе улогата на пејачката Рејчел Марон, ќе се обиде да ја реинтерпретира легендарната песна или ќе се одлучи за поинаков пристап за да избегне споредби со класиката на Хјустон. Одговорот на тоа прашање би можел да пристигне наскоро, а публиката со нетрпение очекува како овој римејк ќе ја оживее приказната што ја одбележа филмската и музичката историја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мерцедес ги сели погоните во Унгарија, Германците вознемирени
Следна Статија (ВИДЕО) Глушец прекина фудбалски натпревар- голманот нежно го изнесе од теренот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

На 90-годишна возраст почина актерот Ричард Чембрлен

Актерот Ричард Чембрлен почина на 91-годишна возраст, пренесува Variety. Неговата смрт ја потврди публицистот Харлан Бол, велејќи дека актерот починал…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Аца Лукас ноќеска уапсен во Кавадарци

Популарниот српски турбо фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат кавадаречки локал, а настапот кој на почеток минувал во…

November 22, 2025
ЗАБАВА

Го смени презимето и стана милионерка: Која е жената во ложата на Ѓоковиќ

Ребека Мекдоналд, една од најуспешните и најбогатите жени од српско потекло во светот, чие богатство се проценува на околу две…

July 10, 2025
ЗАБАВА

Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе

Најбогатите луѓе во светот често припаѓаат на знакот Вага. Најмалку милијардери, само осум, припаѓаат на знакот Јарец, но меѓу нив…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?