Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Недопрени останки од бебе мамут стари 50.000 години откриени во Сибир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Недопрени останки од бебе мамут стари 50.000 години откриени во Сибир
ЗАБАВА

Недопрени останки од бебе мамут стари 50.000 години откриени во Сибир

Објавено December 26, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Руските научници спроведуваат тестови на млад мамут чиишто неверојатно добро сочувани остатоци се откриени во стопен вечен мраз по повеќе од 50.000 години, за што во понеделникот извести за новинарите Максим Чепрасов од Музејот на мамутите на СВФУ.

Останките на су штеството, кое личи на мал слон со сурла, е извадено од кратерот Батагаика, огромна вдлабнатина длабока повеќе од 80 метри која се шири како резултат на климатските промени.

Трупот, тежок повеќе од 110 килограми, е изнесен на површина на импровизирана носилка, изјави Максим Черпасов, раководител на Лабораторијата на при Музејот на мамутите „Лазарев“ во градот Јакутск.

Рече дека мамутот веројатно бил стар нешто повеќе од една година кога угинал, но тестовите ќе им овозможат на научниците да направат попрецизна проценка. Посебно необичен бил фактот дека неговата глава и сурла биле зачувани.

„По правило, делот што прво се топи, особено сурлата, често го јадат современите предатори или птиците. Овде, на пример, иако предните екстремитети веќе се изедени, главата е извонредно добро сочувана“, изјави Черпасов.

Ова е најновото во низата спектакуларни откритија во рускиот вечен мраз. Во ноември, научниците покажаа остатоци од 32.000 години старо младенче на мачка со сабјести заби во истиот огромен североисточен регион, познат како Саха или Јакутија, додека 44.000 години стар труп на волк беше откриен на почетокот на оваа година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за царински службеник и лице кое прикривало стока вреднa 5000 евра
Следна Статија Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Скандал на концерт на „Колдплеј“: Оженет, моќен директор е „уловен“ со љубовницата од човечки ресурси (ВИДЕО)

Концертите на „Колдплеј“ се меѓу најпопуларните музички настани во светот, со до 70.000 луѓе во публиката. Меѓу толкава публика, човек…

July 18, 2025
ЗАБАВА

Мухамед повторно е најпопуларното име за бебиња родени во Англија

Мухамед и во 2024 година е најпопуларното машко име за бебиња родени во Англија и Велс, втора година по ред.…

August 1, 2025
ЗАБАВА

LG и Dolby во партнерство за издавање на првиот FlexConnect звучник

LG го издава H7, првиот FlexConnect звучник, заедно со M7 и M5 опкружувачки звучници и W7 субвуфер, кои заедно се…

December 19, 2025
ЗАБАВА

На скопскиот аеродром може да галите слатко куче за да ве смири пред патувањето (ФОТО)

На Меѓународниот аеродром во Скопје деновиве има специјален гостин – терапевтското куче Дино. Доколку се плашите од летање, златниот ретривер…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?