(ВИДЕО) Голема огнена топка го осветли небото над Бразил, никој не знае за што станува збор

- Advertisement -

Огнена топка го осветли небото над Бразил вчера вечер, чие потекло сè уште е непознато.

Како што објави порталот g1 Globo, интензивна светлина го прелета небото рано синоќа и беше забележана над Федералниот округ, а била забележана и во неколку делови од тој регион – Бразилдија, Судоесте, СИА (Setor de Indústria e Abastecimento), Гама и Агуас Кларас. Астроном од Универзитетот во Бразилија вели дека може да станува збор за метеорит или вселенски отпад што повторно влегува во атмосферата.

Интензивна светлина, слична на огнена топка, се проби низ небото над Федералниот округ во среда навечер (14 мај), привлекувајќи го вниманието на жителите во неколку делови од регионот. Феноменот го забележале жителите на тој дел од Бразил.

Порталот g1 контактираше со Бразилската вселенска агенција (AEB) за да го потврди потеклото на овој феномен, но сè уште не добиле одговор. Контактирани биле и Бразилските воздухопловни сили (FAB), Националниот институт за вселенски истражувања (Inpe) и НАСА.

Според астрономот и истражувач на Универзитетот во Бразилија (UnB), Адријано Леонес, постојат две главни можности за објаснување на овој феномен.

Како што објасни тој, може да станува збор за вселенски отпад што влегува во атмосферата, што може да се случи поради пад на делови од неактивни сателити или ракети лансирани од вселенски агенции како што се НАСА (САД), Роскосмос (Русија), ЦНСА (Кина) и други.

Сподели ја оваа статија