Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Доаѓа новиот „Ауди Q9“: Откриен дизајнот на ентериерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Доаѓа новиот „Ауди Q9“: Откриен дизајнот на ентериерот
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Доаѓа новиот „Ауди Q9“: Откриен дизајнот на ентериерот

Објавено May 13, 2026 17:15
Сподели
Сподели

Ауди“ го откри ентериерот на својот претстоен врвен модел Q9 (Audi Q9)“, за којшто се тврди дека „поставува нов стандард за просторот и ексклузивноста“. Луксузниот теренец ќе биде целосно претставен на 29 јули, а ќе служи како индиректен наследник на седанот „A8“, чиешто производство прекина неодамна. Q9 ќе стане најголемиот и најлуксузен модел на германската компанија досега, а продажбата ќе почне подоцна оваа година.

Бидејќи Q9 е замислен како наследник на седанот, како луксузен бизнис-автомобил, неговиот основен фокус ќе биде на удобноста на задните седишта. Така, со првите објавени фотографии германскиот автопроизводител јасно ја посочува оваа намера, прикажувајќи пространа кабина и луксузни седишта. „Ауди“ ги наведува и другите одлики на Q9, како автоматското отворање и затворање на вратите, панорамски покрив од 1,5 кубни метри – со променлива транспарентност и луксузни материјали како што се влакна од алпака и напа-кожа. Исто така, има и два безжични полначи, како и држачи за чаши и за шише од еден литар. Во конфигурацијата, т.е. пакетот со шест седишта, се нуди и сет електронски приспособливи седишта со можности за греење и вентилирање.

Патниците на предните седишта, исто така, не се изоставени. Тие имаат на располагање три дигитални дисплеи – инструмент табла од 30 см, централен екран на допир од 37 см и дисплеј за совозачот од 26,5 см.

– Автомобилите долго време се многу повеќе од само средство за превоз; тие се подвижни простори за живеење за нашите клиенти. Висококвалитетните материјали, приспособливите седишта со индивидуално електрично приспособување во вториот ред и автоматските врати ја нагласуваат нашата посветеност на квалитетот на нашиот нов, голем теренец со полна големина – изјави извршниот директор на „Ауди“, Гернот Долнер.

„Ауди“ досега откри малку технички детали за моделот, но гласините говорат оти претстојниот Q9 ќе користи проширена верзија на „Премиум-платформата за согорување (Premium Platform Combustion – ППЦ)“ на матичната групација „Фолксваген“. Се очекува линијата мотори да вклучува 4,0-литарски двоен турбо-в8-бензински мотор за спортскиот „SQ9“.

Иако ќе се нуди ширум цел свет, Q9 е првенствено наменет за зголемување на продажбата на „Ауди“ на пазарите во САД, Кина и Блискиот Исток. Q9 ќе послужи и како основа за новиот водечки теренец на „Порше“, со внатрешно кодно име „K1“. Се очекува двата престижни модели да се произведуваат на истата производствена линија во Братислава, Словачка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Меморија“ со концерт на 23 октомври во Арена „Јане Сандански“ ќе ве врати во едни поубави и безгрижни времиња
Следна Статија Д-р Стојановски: Листите на чекање на пациенти ќе исчезнат ако поработиме на рамномерен регионален развој, тоа е моделот од Словенија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Луѓето родени во овој месец живеат најдолго

Бебињата родени во есен имаат поголеми шанси да доживеат длабока старост отколку оние што се родени напролет, покажуваат резултатите од…

July 3, 2025
ЗАБАВА

Адел се расплака на концерт откако ја виде Селин Дион во публиката (ВИДЕО)

Пејачката Адел (36) се расплака откако ја виде легендарната Селин Дион (56) за време на нејзиниот настап во Лас Вегас.…

October 28, 2024
ЗАБАВА

За два хороскопски знаци од денеска почнува бајка

Овен: Решителноста конечно се исплати За Овенот, јануари традиционално е време на внатрешно ресетирање по турбулентна година. Но, 10 јануари…

January 10, 2026
ЗАБАВА

Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед

Популарната хрватска ТикТокерка Нина Скочак го сподели своето прво искуство од престојот на шпанскиот остров Ибица, а видеото брзо стана…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?