Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Стојановски: Листите на чекање на пациенти ќе исчезнат ако поработиме на рамномерен регионален развој, тоа е моделот од Словенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Стојановски: Листите на чекање на пациенти ќе исчезнат ако поработиме на рамномерен регионален развој, тоа е моделот од Словенија
ЗДРАВЈЕ

Д-р Стојановски: Листите на чекање на пациенти ќе исчезнат ако поработиме на рамномерен регионален развој, тоа е моделот од Словенија

Објавено May 13, 2026 17:39
Сподели
Сподели

​Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од каде што потекнува. Дали тоа ќе го направиме со ротација на персонал, дали тоа ќе го направиме со екипирање и на центри коишто се надвор од Скопје — ќе мора да седнеме и да се договориме. Само тогаш листите на чекање ќе се преполоват, изјави д-р Синиша Стојановски, директор на ГОБ „8 Септевмри“ на денешната промоцијата на реновираниот оперативен блок во болницата.

Директорот рече дека не смее да се остане на тоа сѐ да се централизира во Скопје, бидејќи и во „8 Септември“, ГОБ „Наум Охридски“ и на Клиника доаѓаат пациенти од целата држава.

Не можете да очекувате листата на чекање во Градска општа болница да се намали ако таму се пациенти од Струмица, Штип, Велес, цел исток, цел запад… Истото е и на Клинички центар, исто е и во „Свети Наум Охридски“. Листите се креираат затоа што бројот на здравствен персонал не може да направи чудо. Толку се 24 часа во денот, толку е можноста да се направат оперативни интервенции. Ако ние поработиме малку на рамномерен регионален развој, тогаш ќе видите дека и листите на чекање ќе исчезнат. Тоа е моделот од Словенија, не треба многу да размислуваме, треба само да го прифатиме, изјави д-р Стојановски.

​Според д-р Стојановски во здравството фали персонал. Не фалат услови.

Условите коишто ги гледате денеска само ќе бидат додадена вредност. Ние мораме кадровски да се екипираме. Пред отприлика околу една, една и пол година наназад, јас не бев ни дел од менаџментот на оваа болница, кога зборувавме на национална здравствена стратегија: ние не смееме да останеме на тоа сѐ да се централизира во Скопје. И во оваа болница, и во другите скопски болници и Клиничкиот центар доаѓаат пациенти од целата Република. Листите на чекање се креираат на тој начин. Проверете дали има листи на чекање во некоја од болниците во внатрешноста — ќе ги нема. Пациентите се насочуваат овде, кажа д-р Стојановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Доаѓа новиот „Ауди Q9“: Откриен дизајнот на ентериерот
Следна Статија Ќе се воведува казна за родителот чие дете е насилно во училиштето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Повлекување на говедско месо поради ризик од E. coli воАјдахо

Компанија одАјдахо повлекува речиси 3.000 фунти сурово мелено говедско месо заради можна контаминација со бактерии

January 2, 2026
ЗДРАВЈЕ

Три намирници го зголемуваат нивото на кортизол во крвта

Кортизолот, често познат како „хормон на стрес“, игра клучна улога во одговорот на телото на стрес. Кога сме под стрес,…

January 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Телото алармира: Девет симптоми кои укажуваат дека шеќерот во крвта ви е превисок

Високото ниво на шеќер во крвта не е секогаш веднаш воочливо, бидејќи симптомите може да варираат од личност до личност.…

March 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?