Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се воведува казна за родителот чие дете е насилно во училиштето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ќе се воведува казна за родителот чие дете е насилно во училиштето
ХРОНИКА

Ќе се воведува казна за родителот чие дете е насилно во училиштето

Објавено May 13, 2026 17:24
Сподели
Сподели

Со закон да се овозможи казна за родителот чие дете врши насилство во училиште. Ова ќе го бара министерката за образование Весна Јаневска откако вчера беше избоден  ученик од скопската населба Ченто, кој се бори за живот.

Таа појаснува дека агресијата на децата не произлегува од училиштето, туку од дома, а тие агресивни доаѓаат во училиштето со  носење ножеви и други опасни предмети во училиштето.

„Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште. Ладното оружје децата го носат од надвор“, вели Јаневска, која потенцира дека со МВР имале успешна акција со кои укажале на штетното дејство на носење несоодветни предмети во училиштата, а беа спроведени и енкој рации, каде МВР претресуваше ранци на ученици пред училишните дворови.

Останува на одлуката да се сменат начините на кои се постапува откако ќе се случат некои несакани настани во училишните клупи, за што ќе се држат и обуки за наставниците, па и за директорите на училиштата, за што бара соработка и со општините, под чија ингеренција се училиштата, како и со Министерството за внатрешни работи.

„Разговорано е со Комората на психолози, постои закон кој вели дека секој психолог треба да е лиценциран. Ќе инсистирам да се лиценцираат и училишните психолози, да направат стручни тимови, оти тоа им е основната работа, да работат со децата, да работат со родителите, да работат и со наставниците на препознавање на тоа што се случува во училиштетои конечно да, ќе ги замолам пратениците да побарат измена и дополнување во Законот за основно, да вметнеме казна за родителот чие дете е сторител на насилие во училиштето. Во моментот разговараме со нив за да се формулира и вметне таа измена во законот“, рече Јаневска, во одговор на новинарско прашање, при денешната презентација на новиот веб-портал на кој се поместени сите предности од учењето во стручно училиште.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Стојановски: Листите на чекање на пациенти ќе исчезнат ако поработиме на рамномерен регионален развој, тоа е моделот од Словенија
Следна Статија И министерот Филков бара да биде преиспитана одлуката за мазутот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“,…

December 6, 2024
ХРОНИКА

Малолетник избоден откако бил нападнат од група малолетници кај Железничка

Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со убодни рани бил…

November 21, 2024
ХРОНИКА

Приведено лице од Пепелиште поради кражба на 500 литри нафта

Во село Пепелиште, полицијата го лиши од слобода О.П. (51) поради сомневање за кражба. При контролата на патничко возило „Ровер…

February 8, 2026
ХРОНИКА

Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени се четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки

Премиерот Христијан Мицкоски апелира да се следат препораките од институциите по пожарот во Трубарево, по чие избувнување потврди дека се…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?