Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“
ХРОНИКА

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

Објавено December 30, 2024 17:12
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето од с. Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него. Лицето е последниот осомничен во предметот „Планина“ кој по наредба на обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од три години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица членови на две организирани криминални мрежи. Во тогаш спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство и за нив истрагата беше прекината до нивно пронаоѓање. Од септември 2021 година до август 2023 година четворица од осомничените меѓу кои и првоосомничениот беа се лишени од слобода, по што истражната постапка против нив продолжи. Единствено недостапно беше лицето кое во текот на вчерашниот ден беше уапсено.

Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, на детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за три лица беше донесена Наредба за запирање на истрага, од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски
Следна Статија Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Прегазена скопјанка, со тешки повреди пренесена на Клиника

На 27.11.2024 во 08:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје патничко возило „фолксваген пасат“…

November 28, 2024
ХРОНИКА

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Поведена е истрага против 28-годишен жител на струшко Велешта за детска порнографија. Тој од ноември лани до мај годинава пренесувал,…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Има тешко повредени: Сообраќајна несреќа на регионален пат Тетово-Јажинце

На 13.09.2025 годинa во 09:40 часот во СВР Тетово e пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во с.Теарце се случилa…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?