Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Објавено December 2, 2025 20:05
Сподели
Сподели

Попладнево во Крива Паланка беше приведен поранешниот сопственик на над 500 крави, откако со отпор се спротивставил на полициските службеници и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство кои дошле да ги одземат животните.

На социјалните мрежи се појави и видео, снимено од неговата ќерка, на кое се гледа моментот кога инспекторскиот тим се обидува да ја спроведе одлуката за одземање на кравите – стадо што со месеци предизвикувало штета на земјоделските површини на локалните жители. Во видеото се слуша како неговите ќерки викаат на помош додека полицијата интервенира за да го приведе нивниот татко.

По краток отпор, човекот бил обезбедeн и префрлен во полициската станица во Крива Паланка.

Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека е отворен предмет кој ќе се води по брза постапка. Случајот ќе биде разгледан утре, кога обвинителството ќе го добие официјалниот извештај од полицијата.

Инаку, минатата недела мештаните протестираа поради штетите што ги правеле кравите и поради, како што тврдат, закани од поранешниот сопственик и неговите ќерки по поднесените пријави.

Драматичната сцена од денешниот ден само го продлабочува долготрајниот конфликт кој веќе месеци ја вознемирува локалната заедница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки
Следна Статија Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Немал дозвола и пиел, па им избегал на полицајците

На 12.03.2026 во 18:40 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот…

March 13, 2026
ХРОНИКА

Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

Тригодишно дете се затруло од таблети. Случајот во полицијата го пријавиле лекарите од кумановската Општа болница, соопшти денеска СВР Куманово.…

December 14, 2024
ХРОНИКА

Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп

Под раководство на надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица

Рано утринава околу 02.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, патничко…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?