Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки
ЕКОНОМИЈА

Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки

Објавено December 2, 2025 17:07
Сподели
Сподели

Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта ќе помага во детекција на огнено оружје, дрога и експлозиви. Скенерот за поштенски пратки што денеска беше презентиран на официјален настан e донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2, чија цел е спречување нелегална трговија со огнено оружје и експлозиви преку поштенски пратки во земјите од Западен Балкан.

„Скенерот за поштенски пратки е од големо значење во заедничката борба против тероризмот, спречување пролиферација на мало и лесно оружје и недозволена трговија со дрога. Годинава во царинската испостава Пошта, каде е поставен скенерот, поминале над 100 илјади пратки, што кажува за значењето што оваа опрема ќе го има врз контролата на поштенските пратки. На овој начин, службите ќе бидат насочени да извршат навремена и прецизна проверка на сомнителните пратки“, истакна Николовски.

Николовски потенцира дека донацијата е силен доказ за заедничката посветеност на државите во справувањето со криминалот на меѓународно ниво, преку здружени напори и усогласен одговор на сите предизвици.

„Наша обврска како институции е да одговориме на предизвиците со сите капацитети што ни стојат на располагање, се со цел ефикасно сузбивање и целосно разобличување на криминалот“, потенцира тој и притоа се заблагодари на Канцеларијата на ОН, и на донаторите Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка за нивната севкупна поддршка во борбата против организираниот криминал.

На настанот свое обраќање имаа и Киро Цветков од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши.

„Поседување на делови и компоненти од огнено оружје е кривично дело согласно Кривичниот законик. Еден од најчестите начини на криумчарење оружје е преку испраќање на нивни делови и компоненти во поштенски пратки. Со донацијата на скенерот, ставаме акцент на деловите и компонентите преку вградена вештачка интелигенција која ги препознава и ги детектира сомнителните пратки кои содржат ваква стока. Истовремено, институциите работат на измени на Законот за кривична постапка, кои ќе овозможат употреба на посебни истражни мерка за делата поврзани со делови и компоненти на огнено оружје со што би се овозможило употреба на симулирана достава и фаќање на сторителите на дело“, истакна Киро Цветков програмски офицер на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал.

Директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши, упати особена благодарност за обуката низ која поминале службите кои ќе работат на скенерот, при што особено ја нагласи важноста на скенерот во навремено откривање на пратки со забранети супстанци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши: Изборот на новите министри ќе биде по завршување на седницата за Буџетот
Следна Статија (ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

Преку одржувањето стабилен курс на денарот за време на инфлациската криза, преземањето одлучни чекори за намалување на инфлацијата и зачувувањето…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка на 3,25 отсто

Европската централна банка (ЕЦБ) вчера ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,25 отсто, при што инфлацијата…

October 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

Глобалните конфликти повторно покажаа колку се чувствителни пазарите на критични минерали. Во најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се…

July 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?