Хотелот во Маракеш, сопственост на Кристијано Роналдо, во саботата беше зафатен од сериозен пожар, но благодарение на брзата реакција на персоналот на хотелот, спречена е поголема трагедија.
За среќа, нема жртви, а итните служби набрзо го локализирале пожарот.
Пожарот предизвика значителна материјална штета, но за среќа нема човечки жртви. Клучна била брзата реакција на персоналот на хотелот, вработените реагирале веднаш по избувнувањето на пожарот, ги евакуирале сите присутни и со тоа спречиле поголеми последици, пренесуваат локалните медиуми.
➡️ Hotel de Cristiano Ronaldo é atingido por incêndio no Marrocos
O Hotel Pestana CR7 em Marrakech, no Marrocos, teve um incêndio registrado nesse sábado (5/4)
Leia: https://t.co/Kp9SchbNEc pic.twitter.com/pdUyly2VVU
— Metrópoles (@Metropoles) April 7, 2025
Итната помош брзо пристигнала на местото и го локализирала пожарот, што дополнително помогнало да се спречат посериозни последици.
Хотелот е дел од синџирот хотели Роналдо, кој има шест имоти – по два во Португалија (Фуншал и Лисабон) и по еден во Шпанија (Мадрид), Франција (Париз), Англија (Манчестер) и Мароко (Маракеш).
Постојат планови за проширување на синџирот, а Роналдо и неговите менаџери моментално го истражуваат пазарот за да одлучат каде ќе бидат отворени нови хотели.