Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи
ХРОНИКА

Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи

Објавено April 7, 2025 20:34
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик. На 5 април, како што информираат од ОЈО, осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.

Кон детето, посочуваат, се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.

-Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на најголемата американска банка го „одврза јазикот“ против царините на Трамп
Следна Статија (ВИДЕО) Драма во хотелот на Роналдо во Маракеш: Избувна пожар, а гостите бегаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Истрагата за трагедијата во „Пулс“ заврши, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец скокнал во Вардар, откако полицајци го легитимирале

Вчера во 17.04 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР…

October 29, 2024
ХРОНИКА

Пијан удрил во „опел“, во рампа на автобуската станица, па во паркиран авомобил: уапсен велешанец

На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Стојанче ја тепа Ивана сред судски комплекс, полицијата два пати доаѓа и си оди

Обвинителството заврши со покажување на доказите против обвинетиот Стојанче Јовановски за тешко семејно насилство што довело до самоубиство на Ивана…

April 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?