ВИДЕО Жесток ракетен напад на Киев: Најмалку девет загинати, повеќе од 60 ранети

- Advertisement -

Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во жесток ракетен напад врз Киев, соопштија украинските служби за итни случаи.

Како што пишува Гардијан , ова е еден од најсмртоносните напади врз главниот град на Украина од почетокот на тригодишната војна.

Украинските власти издадоа предупредување за ракетни напади, а новинарите на АФП слушнаа експлозии низ главниот град во четвртокот рано наутро.

„Русија започна масовен комбиниран напад врз Киев“, се вели во соопштението на украинските власти на Телеграм.

„Според прелиминарните податоци, девет лица загинаа, 63 се повредени“, се вели во соопштението.

Меѓу 42 хоспитализирани лица, шест се деца.

Причинета е штета во пет населби низ Киев, а во нападот се оштетени и станбени згради.

Сподели ја оваа статија