Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приоритет за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приоритет за Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приоритет за Македонија

Објавено April 24, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Обединетото Кралство.

На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции.

Притоа вицепремиерот Николоски ги истакна плановите на Владата за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на патната и железничката мрежа.

Тој потенцираше дека проектите што ги опфаќа инвестицискиот план на Владата на Република Македонија, покрај развој на домашната економија имаат и регионално значење, а придобивките од нив се повеќекратни за земјите од Западен Балкан.

На средбата беа разменети информации околу потенцијалната соработка меѓу двете земји и подршката што може да ја обезбеди оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.

Исто така беше истакнато дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој контекст политиките ќе се насочат кон подршка на економскиот и општествениот развој.

Работните средби на вицепремиерот Николоски продолжуваат и денеска во Лондон каде е планирано да се реализираат одвоени средби со Стивен Даути, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен Пирс, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хајредини: Наместо заедно со ВЛЕН да се борите против криминалот и корупцијата, вие од АЛИЈАНСАТА сакате да ги спасите Али Ахмети и Јахоски!
Следна Статија ВИДЕО Жесток ракетен напад на Киев: Најмалку девет загинати, повеќе од 60 ранети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Федералната резерва ја намали каматната стапка, но иднината е неизвесна

Централната банка на САД ја намали каматната стапка по трет пат годинава, но изгледите за идни намалувања остануваат нејасни.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи

Новогодишната кошничка ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се…

December 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ќе се стимулира плаќањето патарини со тагови

Наместо само една лента со таг на патарините, да има три до четири. Ова се идните планови на Јавното претпријатие…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?