Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Израел го нападна Хамас и во Катар, и Трамп наводно дал дозвола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Израел го нападна Хамас и во Катар, и Трамп наводно дал дозвола
СВЕТ

(ВИДЕО) Израел го нападна Хамас и во Катар, и Трамп наводно дал дозвола

Објавено September 9, 2025 18:16
Сподели
Сподели

Во главниот град на Катар, Доха, денеска се слушнале неколку експлозии и се појавил густ чад, рекле очевидци за арапски медиуми.

Еден жител на Доха за англискиот сервис на Ал Арабија рекол дека слушна најмалку пет експлозии.

Според прелиминарните информации на Ал Арабија, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен во израелски напад во Катар. Вкупниот број на загинати или ранети во нападот сè уште не е познат.

Ал-Хаја наводно е убиен во нападот, но информацијата сè уште не е официјално потврдена, а точниот број на загинати или повредени останува непознат.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извршиле напад „насочен кон високото раководство“ на Хамас, без да ја прецизира конкретната локација на нападот.

 

„Пред нападот, беа преземени мерки за намалување на штетата врз цивилите, вклучително и употреба на прецизна муниција и дополнителни разузнавачки информации“, соопшти ИДФ.

ИДФ и Шин Бет во соопштение објавија дека ја таргетирале раководната структура на Хамас со удар изведен од Израелските воздухопловни сили.

Во соопштението не се споменува експлицитно Катар, но доаѓа по извештаите за силни експлозии во Доха, каде што се наоѓа врвното раководство на Хамас, пишува Тајмс оф Израел.

– Членовите на раководството кои беа погодени ги водеа активностите на терористичката организација со години и се директно одговорни за извршувањето на масакрот на 7 октомври и за водењето на војната против државата Израел, се вели во соопштението.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, дал зелено светло за израелската акција во Катар, изјавил висок израелски функционер за Канал 12, пренесе Тајмс од Израел.

Долгогодишниот лидер на Хамас, Халед Машал, кого Израел се обидел да го ликвидира во Јордан во 1997 година, бил меѓу лидерите на Хамас на состанокот кој бил цел на денешниот напад во Доха, јави телевизијата.

Во главниот град на Катар, Доха, денеска се слушнале неколку експлозии и се појавил густ чад, рекле очевидци за арапски медиуми.

Еден жител на Доха за англискиот сервис на Ал Арабија рекол дека слушна најмалку пет експлозии.

Според прелиминарните информации на Ал Арабија, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен во израелски напад во Катар. Вкупниот број на загинати или ранети во нападот сè уште не е познат.

Ал-Хаја наводно е убиен во нападот, но информацијата сè уште не е официјално потврдена, а точниот број на загинати или повредени останува непознат.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извршиле напад „насочен кон високото раководство“ на Хамас, без да ја прецизира конкретната локација на нападот.

„Пред нападот, беа преземени мерки за намалување на штетата врз цивилите, вклучително и употреба на прецизна муниција и дополнителни разузнавачки информации“, соопшти ИДФ.

ИДФ и Шин Бет во соопштение објавија дека ја таргетирале раководната структура на Хамас со удар изведен од Израелските воздухопловни сили.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши не очекува инциденти на гласањето: Ова се локални, а не историски избори
Следна Статија СДСМ обвини: Владата склучила договор од речиси милион евра за партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Сајбертрак на Тесла удри во ѕид во Америка и се запали, тројца патници загинале на лице место

Сајбер камион на Тесла вчера удрил во бетонски ѕид и се запалил нешто по 3 часот по полноќ во Пиемонт,…

November 29, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Почеток на пожарот во Кран Монтана: Шанкерка качена на рамениците на шанкерот со пиротехника го запалила таванот, велат сведоци

Околу 40 лица загинаа, а стотина се повредени во пожар во преполн бар за време на новогодишната забава во луксузниот…

January 1, 2026
СВЕТ

Можни знаци на живот пронајдени на далечна планета: „Ова можеби е момент на пресврт“

Научниците од британскиот универзитет Кембриџ открија нови, иако сè уште неизвесни докази кои би можеле да укажат на постоење на…

April 17, 2025
ЕКОНОМИЈАПОЛИТИКАСВЕТ

Н21: Нетанјаху даде зелено светло за прекин на огнот во Либан

Израел дал зелено светло за прекин на огнот со либанската шиитска милиција Хезболах, јави денеска телевизијата N12. Целта е да…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?